Пелагониските компании бараат можност за инвестирање во слободната индустриска зона
Објавено во: Мои пари 10 Март, 2017 15:54
Еднакви развојни можности, и опција за извозно ориентираните локални компании да инвестираат во слободната економска зона, бараат компаниите од пелагонискиот регион. На средбата со претприемачите и менаџерите на малите и средни компании од прилепскиот регион, организирана од Бизнис Конфедерација на Македонија, беше разговарано и за тековните, актуелни проблеми и предизвици со кои се соочуваат компаниите од овој регион.
Целта на средбата е унапредување на бизнис климата и создавање подобри услови за работа на локалните компании.
„Одржуваме постојани контакти со нашите членови, спроведуваме истражувања, анализи и мерење на состојбите во разни сфери на општественото делување на локално, национално и регионалнониво со што сме релевантен катализатор на изразувањето на деловната заедница и поттикнувач на социјалниот дијалог и индустриските односи во земјата.Со промовирањене концептот на одговорно водење бизнис, ја поттикнуваме одржливоста на економијата и долгорочниот развој на компаниите. Овие директни средби само одат во прилог на тоа, го зголемуваат нашиот делокруг и го интензивираат нашето дејствување и конкретните чекори во реформските зафати, законските измени и економските стратегии, со цел обезбедување на продуктивна бизнис клима“, изјави Миле Бошков, претседател на Бизнис Конфедерација на Македонија.
Со цел надминување на проблемите со кои се соочуваат компаниите, Бизнис Конфедерација на Македонија изработи платформа од предлог политики и стратегии базирани на најпроблематичните точки во работата на деловните субјекти. Владеење на правото, Пристап до финансии, Претприемачка култура, Лојална конкуренција и Овозможувачка правна и регулаторна средина се насловите на овие платформи.
Создавањето на предлогполитиките,како и организацијата на настанот се поддржани од проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“, кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот. Бизнис Конфедерација на Македонија организира серија вакви средби и промотивни настани во повеќе градови и региони од државата, во кои се вклучени голем број сопственици, претприемачи и менаџери.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




