Пендаровски денеска ќе го завери членството во НАТО
Објавено во: Македонија 20 Март, 2020
Претседателот Стево Пендаровски денеска објави дека ќе го потпише Инструментот за пристапување на Македонија во НАТО.
„Денеска ќе го потпишам Инструментот за пристапување на Република Северна Македонија кон Северноатлансткиот Договор, претходно парафиран од министерот за надворешни работи, Никола Димитров.
Потпишувањето на инструментот е финалниот чекор за членството во НАТО.
Во вонредни околности ја реализираме една од двете најважни стратешки цели на државата – полноправно членство во најголемата воено-политичка организација на светот.
Македонија од Алијансата доби известување дека сите ратификации од земјите-членки се депонирани во Вашингтон.
Со депонирање на нашата ратификација Македонија станува 30-та земја-членка на Алијансата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.