28 Септември, 2024
0.0286

Пендаровски го нарече Џамбаски политички шарлатан

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Персона-нон-грата не се презема заради политички изјави, туку кога има индиции за закана за националната безбедност, вели претседателот Стево Пендаровски. 

Тој претходно побара власта да забрани влез на неколку бугарски државјани, меѓу кои и на европратеникот Ангел Џамбаски. 

„Да ги повторам основите – ако потенцијално е загрозен јавниот поредок, националната безбедност на Македонија или нашата меѓународна позиција, но би ги апострофирал првите две посебно, во тој случај ние треба да реагираме по тие основи. Мене тој тип не ми пречи колку сака да вика во центарот на Скопје дека јас не сум Македонец. На тој начин само се срамоти. Тоа се политички шарлатани, циркузанти кои кажуваат работи кои целокупната светка наука, но на прво место, чувствата на македонскиот народ ги демантираат“, вели Пендаровски за Телма. 

Вели дека ние сме демократска држава и претендираме да бидеме и до крај вистинска европска демократија.

Инаку, Џамбаски упати закани кон македонскиот претседател. По ова и Македонците од Србија најавија дека на 4 февруари ќе бидат во Скопје и нема да дозволат Џамбаски да пријде до гробот на револуционерот Гоце Делчев. 

Можеби ќе ве интересира

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„Дали Орбан и по промената на власта смета дека Груевски овде не може да добие фер судење“: професор Спасов со поразлични прашања до гостинот

„Оф мори мајко!!! Колку е среќна“: Ванковска со посебен осврт за средбата на нашата претседателка со претседателот на САД

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ОД НЕДЕЛА: дождови, силен ветер, но и голем пад на температурите најавува Попоски

„Тоа што Османи прифатил да бидат ставени Бугарите во Уставот на Македонија може да биде резултат на поткуп“: Најчевска вели договорот нема правна обврзност