28 Јуни, 2024
0.0289

Пендаровски не се плаши од атентат, слободно се шета низ Гевгелија

Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Претседателот Стево Пендаровски на социјалните мрежи објави фотографии како слободно се шета и се поздравува со граѓани низ Гевгелија, каде што денеска претходно посети неколку организации и здруженија.

„Пријатни средби со граѓаните на Гевгелија, кои имав можност да ги сретнам за време на мојата посета на градот“, напиша шефот на државата вечерва на социјалните мрежи.

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски претходно го поврза Пендаровски во контекст на историски атентат. По барањето, бугарски европратеник  да биде прогласен за персона нон грата, тој се препозна себе си и индиректно го потсети претседателот на судбината на кралот Александар Караѓорѓевиќ , кој бил убиен во атентат во Марсеј, од страна на Владо Черноземски.

Џамбаски на социјалните мрежи се пофали дека, на 4 февруари, ќе дојде во Скопје на одбележувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Претседателот Пендаровски предложи да се забрани влез на повеќе лица од Бугарија, меѓу кои и на еден пратеник во Европскиот парламент. Иако не го спомна по име Ангел Џамбаски, во одговор на новинарско прашање не негираше дека се работи токму за бугарскиот европратеник, кој неодамна беше во Скопје на одбележувањето на годишнината од смртта на Мара Бунева и среде Скопје изјавуваше дека Македонија е бугарска.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Невреме повторно ја зафати Македонија, оштетени покриви, автомобили, навалени бандери, паднати дрвја

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Невреме повторно ја зафати Македонија, оштетени покриви, автомобили, навалени бандери, паднати дрвја

СРПСКИ МЕДИУМИ: Претседателката на Северна Македонија ги поддржува евроатлантските аспирации на Косово

СРПСКИ МЕДИУМИ: Претседателката на Северна Македонија ги поддржува евроатлантските аспирации на Косово

(ВИДЕО) ПАДНАТО ДРВО И НА ПАРТИЗАНСКА: Од ЦУК информираат за поплавени куќи, подруми, гаражи

(ВИДЕО) ПАДНАТО ДРВО И НА ПАРТИЗАНСКА: Од ЦУК информираат за поплавени куќи, подруми, гаражи

ГЛАВЧЕВ РЕАГИРА ДЕКА НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Бугарија и Грција ќе се координираат за мерки кон Македонија?

ГЛАВЧЕВ РЕАГИРА ДЕКА НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Бугарија и Грција ќе се координираат за мерки кон Македонија?

(ФОТО+ВИДЕО) ПО НЕВРЕМЕТО КОЕ ГО ЗАФАТИ СКОПЈЕ: Проверете си ги гаражите, има и соборени дрвја

(ФОТО+ВИДЕО) ПО НЕВРЕМЕТО КОЕ ГО ЗАФАТИ СКОПЈЕ: Проверете си ги гаражите, има и соборени дрвја

(ВИДЕО) ПОВТОРНО НЕВРЕМЕ: Дожд и град во Скопје

(ВИДЕО) ПОВТОРНО НЕВРЕМЕ: Дожд и град во Скопје

СПАСЕН Е ТУРИСТ: Паднал во тешко пристапен терен во Охрид

СПАСЕН Е ТУРИСТ: Паднал во тешко пристапен терен во Охрид

JOTOВА ДО МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ: Сакаме да бидеме добри соседи, но да го почитуваме нашето заедничко културно наследство

JOTOВА ДО МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ: Сакаме да бидеме добри соседи, но да го почитуваме нашето заедничко културно наследство

„Стоиме на располагање на сите надлежни институции за секаков вид проверки“: Рустеми бара „да се остави настрана од дневно политички агенди“

„Стоиме на располагање на сите надлежни институции за секаков вид проверки“: Рустеми бара „да се остави настрана од дневно политички агенди“