25 Април, 2024
0.0277

Пенов контра Ленин: Протестот е насочен против граѓаните, а не кон тие што треба

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов денеска рече дека протестот на приватните превозници не треба да биде насочен кон граѓаните

„Не можам да кажам кои мерки ќе ги преземеме, но ја следиме таа ситуација, непријатна е. Преголема штета трпат граѓаните заради, можам да кажам, некакво самоволие кое е присутно на улиците во Скопје. Ние, одејќи накај Струмица, едвај излеговме од Скопје. Непотребно. Тој протест треба да биде насочен кон тие што го креираат или тие што мислат дека им го креираат проблемот. Вака, штетата ја плаќаат граѓаните, секој по половина час најмалку во денот вози повеќе, троши гориво, се губат работни часови, бизниси, што е огромна штета за граѓаните“, изјави Пенов денеска од Струмица.

Приватните автобуски превозници на „Слобода превоз” и „Макекспрес” веќе втор ден оваа недела протестираат со блокади на три важни сообраќајни точки во Скопје. Тие очекуваат решение за нивните барања, односно да се подмири или евентуално да се почне подмирувањето на долгот што Град Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие го има кон нив.

„Протестот на приватните превозници е законски и е законски најавен, доколку Ристо Пенов смета дека има нешто што е погрешно во целиот случај и дека може нешто да стори за да престане протестот, тогаш нека го направи тоа. Може и тенкови да ни испрати или можат да стрелаат врз возачите на блокадите“, изјави директорот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски како реакција на синоќешната изјава на Пенов дека Владата има инструменти и насилно да ги прекине блокадите.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот