22 Ноември, 2024
0.0301

ПЕНЗИИТЕ СЕ ЗГОЛЕМИЈА ЗА 2.500 ДЕНАРИ: Што ќе купат пензионерите со тие пари?

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Месецов пензионерите добија по 2.500 денари повеќе. Пензиите се зголемија, а пензионерите велат дека со овие пари, можат да платат сметка за струја, да купат храна или да покријат некој друг трошок за домаќинството. Велат дека тоа не се многу пари, со оглед на скапотијата, но се добредојдени.

„Секое зголемување е добредојдено, затоа што сме во економска криза, имаме високи цени. Чекавме 5.000 денари да биде покачувањето, но меѓутоа еве на двапати ќе има зголемување. Добредојдено е, но за оние со ниски пензии е тешко и со тие 2.500 денари. Есента е секогаш за зимници, гледате да купите земјоделски производи, тие се скапи, во Скопје 200 денари се доматите, 100 денари пиперките и не се прави ајвар како порано. Сепак се добредојдени тие 2.500 денари, но не се доволни за скапотијата“, вели Даница Петличкова, претседателка на Здружението на пензионери Битола.

Пензионерите објаснуваат дека за пристоен живот потребно е во државата да нема пензија пониска од 20.000 денари со овој стандард. Како што објаснуваат, егзистенцијата е полесна во семејствата каде има двајца пензионери, а тешко е кога со една пензија живеат сопруг и сопруга.

„Тие 2.500 денари инфлацијата ги „изеде“, но сепак ќе им помогнат на пензионерите. Ќе си платат струја или храна ќе си купат. Некои се задоволни, некои не се многу задоволни, но сепак се добредојдени тие пари. Пензионерите внимаваат како ги трошат парите, штедат. Прво гледаат да платат сметки и да си купат лекови, а потоа трошат од тоа што ќе им остане“, вели Данче Даскаловска, претседателка на Здружението на пензионери Струмица.

И досега пензионерите крајно внимателно ги трошеа парите со цел да го поминат месецот со пензијата и да не бидат на товар на децата.

„Ние живееме на село, произведуваме храна и тоа покачување на пензијата од 2.500 денари го доживуваме како нешто најнормално и неопходно. Со тие пари ние ќе си платиме сметка за струја. На пензионерите во градот им е многу потешко“, додава пензионерка од кумановско.

Повеќе од 330.000 пензионери ги добија пензиите, повисоки за 2.500 денари. Во согласност со предизборните ветувања на Владата, сите пензионери кои заминале во пензија до крајот на август добија линеарно покачување, без разлика на годините стаж или висината на придонесите што ги уплаќале. За во март е најавено ново линеарно покачување на пензиите за уште 2.500 денари. Пензионерите лани протестираа со барање пензиите да се зголемат за 5.000 денари. 

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПРИВРЕМЕНОТО ГОРИВО НЕ ГИ СМИРУВА СКОПЈАНИ – ПРОТЕСТ ЌЕ ИМА! Граѓаните го чекаат вистинското решение

ПРИВРЕМЕНОТО ГОРИВО НЕ ГИ СМИРУВА СКОПЈАНИ – ПРОТЕСТ ЌЕ ИМА! Граѓаните го чекаат вистинското решение

„ДО ПРОШКА НЕ Е ДОЈДЕНО, ШТЕКЛИ Е НА СПИСОКОТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА“: Шокантна изјава на ексначалникот Љубомир Ѓорчески

„ДО ПРОШКА НЕ Е ДОЈДЕНО, ШТЕКЛИ Е НА СПИСОКОТ ЗА ЛИКВИДАЦИЈА“: Шокантна изјава на ексначалникот Љубомир Ѓорчески

„НЕ МОЖЕ НИКОЈ НИШТО ДА НЕ МОЖЕ ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИК“: Георгиевски за Арсовска

„НЕ МОЖЕ НИКОЈ НИШТО ДА НЕ МОЖЕ ПРОТИВ ГРАДОНАЧАЛНИК“: Георгиевски за Арсовска

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ќе позајми нафта, од утре превозот во Скопје се нормализира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата ќе позајми нафта, од утре превозот во Скопје се нормализира

ЗА СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ГРАДОТ: Советот предлага продолжување на дијалогот со ЗЕЛС и други јавни претпријатија

ЗА СТАБИЛИЗИРАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ ВО ГРАДОТ: Советот предлага продолжување на дијалогот со ЗЕЛС и други јавни претпријатија

МИЦЕВСКИ ЗА СКАНДАЛОТ СО АПАСИЕВ: Очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание

МИЦЕВСКИ ЗА СКАНДАЛОТ СО АПАСИЕВ: Очаен обид на таканаречениот „универзитетски професор“ да ја задоволи својата жед за медиумско внимание

ШУТАРОВ: Да го наведеме износот од 2,5 милиони литри коишто би биле доволни за ЈСП да јa извршува функцијата до крајот на годината

ШУТАРОВ: Да го наведеме износот од 2,5 милиони литри коишто би биле доволни за ЈСП да јa извршува функцијата до крајот на годината

СТОЈАНОВСКИ: Нафтата од државните резерви сега се доставува до базите на ЈСП

СТОЈАНОВСКИ: Нафтата од државните резерви сега се доставува до базите на ЈСП

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО СОБРАНИЕТО: Апасиев има порака до ВМРО-ДПМНЕ

ПО ИНЦИДЕНТОТ ВО СОБРАНИЕТО: Апасиев има порака до ВМРО-ДПМНЕ