ПЕНЗИОНЕРИТЕ ИМААТ ПРЕДНОСТ: Редици за сликање за пасош и лична карта
Објавено во: Македонија 09 Април, 2020
Сите граѓани кои имаат
закажано термин за сликање за лични документи (пасош и лична карта), но, се
помлади од 67 години, ќе мора да почекаат во ред, бидејќи предност имаат
пензионерите. Практично, термините не важат, откако од вчера стапија на сила
новите мерки кои ги воведе Владата, со што движењето дополнително се ограничи.
Па оние пензионери кои имаат термин рано наутро или попладне, оваа обврска мора
да ја завршат во периодот од 10.00 до 12.00.
Оние кои денеска чекаа најмалку саат време, велат дека не се револтирани, бидејќи има нова ситуација, но сметаат дека треба да бидат навреме известени.
-Не се лутам, никако. Терминот што ми беше закажан во 10.15 не важи, бидејќи така налага ситуацијата. Се повикуваат најпрво пензионерите, кои немаат пополнето ниту барање, па се оди многу поспоро. А, инаку вработените се многу коректни, направија ред. Влегуваме двајца по двајца. Сметам само дека требаше да бидеме навреме информирани, ќе си дојдев после 12.00 и ќе си го почекав редот, можеби побрзо ќе завршев. Така ќе можев и побрзо да се вратам на работа. Има луѓе кои се уште имаат редовни работни обврски, вели Бобан Стојановски од Скопје.
Инаку, лични карти и пасоши се издаваат непречено. Но, наместо две работни недели, сега велат дека треба најмалку три работни недели да поминат за да може да се земе документот. Освен тоа, од 30. март на домашна адреса почнаа се испраќаат личните документи, (лични карти и возачки дозволи) на сите граѓани кои во изминатиов период аплицирале.
Но, тоа нема да важи и за пасошите, бидејќи при подигнувањето на патните исправи потребно е да се остави отпечаток од прст.
А.Б.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.