Пензионерите презадоволни, добија и бесплатно болничко лекување!
Објавено во: Економија 17 Јануари, 2013 12:05
Сите корисници на старосна, семејна и инвалидска пензија во износ до 10.870 денари од 1 јануари имаат бесплатно болничко лекување.
Како што информираче директорот на Фондот за здравствено осигурување Јован Грповски, ова правоќе можат да го користат околу 120.000 пензионери што земаат потпросечна пензија, а партиципацијата за нивното болничко лекување ќе ја покрива Министерството за здравство. За таа намена од Буџетот на Република Македонија се одвоени 37 милиони денари.Претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери Драги Аргировски рече дека пензионерите се презадоволни од новата мерка на Владата со која покрај бесплатното користење на јавниот градски превоз и можноста за бесплатна бањска рекреација им се овозможува бесплатно болничко лекување.
„Како здружение баравме од Владата да одобри бесплатно здравство за сите пензионери со над 65 години старост, но сметаме дека оваа мерка е многу подобра од бараната. Со оваа мерка се опфатени 120.000 пензионери, а доколку се усвоеше нашето барање бенефит ќе имаа само околу 30.000 пензионери“, посочи Аргировски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





