Пензионерскиот дом „Ѓорче Петров“ во Скопје со нов лик
Објавено во: Македонија 12 Мај, 2013
Привршува реконструкцијата на пензионерски дом „Ѓорче Петров“ во Скопје. Целосно се заменети вратите и прозорците, а во завршна фаза е набавката на грејни тела кои ќе бидат на принцип на електрични палети, a ќе бидат поставени во секој од становите, информираше министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.
Тој најави дека се планира реконструкција и на останатите пензионерски домови на територијата на Република Македонија. Според најавите, следни на листата се домот во Чаир и во Крива Паланка.