17 Септември, 2024
0.0245

Пензиските друштва го одбележаа почетокот на новата кампања „Засади желба за одржлива иднина“

Објавено во: Мои пари 16 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Денес, на онлајн прес-конференција трите пензиски друштва го одбележаа почетокот на четвртото продолжение од кампањата „Засади желба“.

Четврта година по ред, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Триглав пензиско друштво АД Скопје и Сава пензиско друштво АД Скопје ја едуцираат јавноста за придобивките од членувањето во задолжителниот и доброволниот пензиски фонд под мотото „Засади желба“, а нивните заеднички активности за јавно информирање и едукација се одржуваат веќе девет години наназад.

Она што е карактеристично за кампањата „Засади желба“ е нотата на општествена одговорност, односно садењето на дрвја во училишните дворови низ земјата. Пензиските друштва објаснуваат дека дрвјата се најдобра симболика за суштината на постепеното градење пензиска заштеда во чиишто плодови ќе уживаме години подоцна, тогаш кога ќе ни бидат најпотребни.

Оваа година, како и минатата, кампањата се одвива под името „Засади желба за одржлива иднина“. 

„Велиме дека садиме желби за одржлива иднина бидејќи навременото штедење за пензионерските денови е токму тоа - обезбедување на одржлива финансиска иднина. Истовремено, со кампањата сакаме да поттикнеме и поширока свест за одржливоста и од еколошки аспект, како што тоа ние го правиме со садењето дрвја таму каде што е најпотребно. Благодарение на оваа кампања повеќе од 10 училишта добија свои Пензиски паркови кои ги оплеменуваат нивните дворови“ - изјави Маријан Николовски, член на Управниот одбор во Триглав пензиско друштво АД Скопје. 

За активностите на овогодинешната кампања тој додаде: 

„Оваа кампања ќе ја одбележат различни онлајн и офлајн едукативни активности за сите возрасти, бидејќи што поскоро ги разбереме придобивките од редовното штедење, толку се поголеми можностите да си обезбедиме поубава, поодржлива иднина. Минатата година имавме натпревар Еко-тон и неколку онлајн предизвици на знаење, а оваа година се враќаме повторно кон едукација, на забавен и привлечен начин“ - рече Николовски.   

Предвесник на „Засади желба“ оваа година беше одбележувањето на Денот за пензиска свесност со семеен настан во паркот „Авионче“ исполнет со забавни и едукативни активности.

„Дечињата научија по нешто за штедењето пари, но и за зачувување на природата, возрасните поставуваа прашања и се информираа, а она што беше посебно значајно е оставање на потсетник за важноста на навремен почеток и постепено градење на пензиска заштеда, преку симболично садење на дрвца и поставување на клупа со што создадовме уште еден мал Пензиски парк“ - изјави Татјана Бојковска, CFA, CAIA, член на Управниот одбор во Сава пензиско друштво АД Скопје. 

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС, заедно со пензиските друштва, го одбележува Денот за пензиска свесност веќе десетта година. Од 2014 година овој ден се одбележува на 15 септември и има за цел да ја истакне важноста на пензиското штедење како клучен елемент за обезбедување посигурни пензионерски денови.

„Она што е особено важно е младите навремено и од веродостојни извори да се информираат за правата, обврските и придобивките од членувањето во задолжителен и доброволен пензиски фонд, веднаш по започнувањето на работниот однос. Затоа, на самиот настан ја презентиравме можноста за анонимно поставување прашања за сѐ што ја интересира јавноста во врска со пензискиот систем, можност којашто ќе остане отворена во текот на целата кампања преку нашата веб страница penzija.mk“- додаде Бојковска.

Во текот на прес-конференцијата пензиските друштва пред медиумите ги објаснија деталите за трите пензиски столбови коишто се важни за јавноста да ги разбере.

„Капитално финансираното пензиско осигурување беше воведено во 2005 година и сега системот вклучува над 600.000 членови . Две децениското постоење зборува за успешно спроведена реформа на системот.

Една од позначајните придобивки на реформираниот пензиски систем е воведувањето на доброволното пензиско осигурување. Истото овозможува дополнително доброволно вклучување на сите постоечки членови од задолжителниот пензиски столб, но и можност за вклучување на граѓани кои не се опфатени во првите два столба, како и организирање на професионални пензиски шеми од страна на правните субјекти.

Членството во доброволниот пензиски фонд не ги обврзува членовите да уплаќаат однапред дефинирани износи секој месец, нема пенали во случај на неплаќање, средствата се наследни, и можноста за нивно користење е најрано 10 години пред возраста за стекнување право за старосна пензија, односно 52 години за жени и 54 години за мажи. Сите овие предности го прават производот достапен и привлечен за помладата популација.

Денес сме сведоци дека и правните лица го препознаа производот и бенефитот од неговата примена во своите институции, како дополнителен модел за наградување и мотивирање на своите вработени, како и градење на долгорочна перспектива за нивниот тим. Со цел стимулирање на долгорочно штедење во третиот столб во делот на организирање на професионални пензиски шеми, актуелни се и одредени даночни олеснувања, односно расходите по основ на уплатен придонес во доброволниот пензиски фонд во една календарска година се даночно признат расход од аспект на Данокот на добивка, во висина до две просечни месечни бруто плати, исплатени во претходната година во Р.С.М.“ - изјави Иван Стојановиќ, член на Управниот одбор во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје. 

На онлајн средбата со новинари пензиските друштва го претставија и видеото на новата кампања.

https://youtu.be/5go1P7fqh9g 

Сите информации и активности поврзани со кампањата „Засади желба за одржлива иднина“ ќе бидат достапни на веб страницата www.penzija.mk и на социјалните мрежи. 


Можеби ќе ве интересира

Експозитура „Центар“ на НЛБ Банка трансформирана од традиционален во модерен банкарски објект

Експозитура „Центар“ на НЛБ Банка трансформирана од традиционален во модерен банкарски објект

Септемвриски попуст од 30% на сите експонати на мебел во КМ МЕБЕЛ

Септемвриски попуст од 30% на сите експонати на мебел во КМ МЕБЕЛ

Оваа недела започнува Weekend.17 – единствениот фестивал за кој не треба најава

Оваа недела започнува Weekend.17 – единствениот фестивал за кој не треба најава

„Алкалоид“ го комплетираше првиот настан за развој на лидерството

„Алкалоид“ го комплетираше првиот настан за развој на лидерството

Светска премиера на новите Transporter и Caravelle -подобрени во секој поглед

Светска премиера на новите Transporter и Caravelle -подобрени во секој поглед

Samsung Electronics освои 45 награди, вклучително и 2 златни, на Меѓународните награди за извонредност во дизајнот 2024 година

Samsung Electronics освои 45 награди, вклучително и 2 златни, на Меѓународните награди за извонредност во дизајнот 2024 година

ИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ ПОБЕДНИК ВО ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОНАТ НА РИДСКИ ПАТЕКИ ВО ГРУПА 1

ИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ ПОБЕДНИК ВО ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОНАТ НА РИДСКИ ПАТЕКИ ВО ГРУПА 1

ВОЗИЛАТА ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА САЕМ ВО САД

ВОЗИЛАТА ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА САЕМ ВО САД

Настанот - вежбај на отворено со Елена Бубало во Паркот на франкофонијата во Скопје се одложува заради неповолните временски услови

Настанот - вежбај на отворено со Елена Бубало во Паркот на франкофонијата во Скопје се одложува заради неповолните временски услови