17 Септември, 2024
1.2681

Светска премиера на новите Transporter и Caravelle -подобрени во секој поглед

Објавено во: Мои пари 16 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Пристигна седмата генерација: Новите Transporter и Caravelle нудат повеќе простор, поголема носивост, поголема максимална тежина на приколката и професионален изглед на дигиталниот дисплеј.

·Иновативни погони кои се во чекор со времето: ефикасните турбодизел возила со преден и погон на сите тркала се надополнети со plug-in хибрид и електричен погон.

·Седмата генерација на Transporter го следи непогрешливиот стил на своите шест претходници со својот јасен и впечатлив надворешен дизајн.

·Volkswagen Комерцијални возила го комплетира семејството Bulli со новите Transporter и Caravelle.

Volkswagen Комерцијални возила го претстави целосно редизајнираниот Transporter на неговата светска премиера на IAA Transportation 2024. Новиот Transporter се лансира со повеќе простор, зголемена носивост, поголема максимална тежина на приколката и поголема економска ефикасност. Покрај тоа, најсовремените системи за помош обезбедуваат поголема безбедност; добро осмислениот дигитален диплеј и контролните елементи ја олеснуваат секојдневната работа. Истото важи и за Caravelle, со девет седишта, кој е претставен во исто време. За прв пат во историјата, Transporter и Caravelleќе бидат достапни и со plug-in хибриден погон и електричен погон, како алтернатива на палетата на турбо дизел мотори. Јасниот дизајн на новите комбиња е освежувачки, а сепак јасно го следи стилот на претходниците.

Вистинско возило за секој клиент: со дебито на новата генерација на Transporter, Volkswagen Комерцијални возила конечно ја спроведува својата стратегија - „вистински Bulli за секој клиент“. Кога првиот Transporter беше претставен на печатот во 1949 година, никој не замислуваше дека овој Т1, движечката сила зад германското економско чудо во тоа време, ќе стане толку успешен. 75 години подоцна, Bulli е постојан приказ на меѓународното автомобилско наследство. Палетата на Bulli за 2024 година се состои од новиот Transporter, Multivan и ID. Buzz. Производната линија на Transporter се состои од чисто комерцијални возила, како и серијата Caravelle. Multivan е семејното рекреативно и деловно комбе. ID. Buzz и ID. BuzzCargo се првите верзии на комерцијалните електрични возила. Transporter, Multivan и ID. Buzz - седмата генерација на Bulli – моментално на пазарот ја формираат најшироката палета на модели во својата класа.

Volkswagen Комерцијални возила го нуди новиот Transporter како комбе фокусирано на транспорт на стоки, „Plus“ со товарен простор и седишта во вториот ред со различни прегради, и комбе фокусирано на превоз на патници. Caravelle, со девет седишта, е дизајниран за комерцијален превоз на патници - шатл и минибус. Volkswagen Комерцијални возила го нуди независниот Caravelle како почетна верзија, Life со спецификации на опрема од средна класа и Style како врвна верзија. Caravelle е достапен и со продолжено меѓуоскино растојание. Transporter и Caravelle се достапни и во верзијата PanAmericana.

Во редизајнираниот изглед на дигиталниот дисплеј на Transporter и Caravelle, Volkswagen Комерцијални возила го комбинира дигиталниот свет на дисплеи и контроли со цврсти тврди копчиња, осигурувајќи се дека контролниот центар на возилото е лесен за користење, а воедно и безбеден за професионалците во секоја ситуација. Ова исто така вклучува и интеграција на различни USB и 12 V приклучоци, како и опција за додавање еден или, во случај на plug-in хибридни и електрични модели, до три приклучоци од 230 V.

1,33 тони носивост: Волуменот на складирање во Transporter за превоз на стоки, со нормално меѓуоскино растојание и покрив, се зголеми на 5,8 m3. Со долго меѓуоскино растојание и висок покрив, капацитетот за складирање на комбето се зголеми на 9,0 m3. Максималната носивост до 1,33 тони (дополнителни 0,13 тони) одговара на поголем волумен на оптоварување. Volkswagen, исто така, ја зголеми максималната тежина на приколката за 0,3 тони, која сега достигнува до 2,8 тони (при сопирање, со наклон од 12%).

Дизел, хибриден и електричен погон: ќе бидат достапни седум ефикасни погонски верзии. За прв пат, оваа гама вклучува три турбо дизел мотори (TDI), plug-in хибриден погон (eHybrid) и три електрични погони (e-Transporter и e-Caravelle). Моторите TDI испорачуваат 81 kW (110 КС), 110 kW (150 КС) и 125 kW (170 КС). 125 kW TDI секогаш се комбинира со 8-брзински автоматски менувач, кој е опционално достапен за 110 kW TDI како алтернатива на 6-брзинскиот мануелен менувач. Моделите TDI од 110 kW може да се нарачаат со погон на сите тркала 4MOTION. Системската моќност од 171 kW (232 КС) го карактеризира plug-in хибридниот погон комбиниран со автоматски менувач (eHybrid). e-Transporter и e-Caravelle се лансираат со 100 kW (136 КС), 160 kW (218 КС) и 210 kW (286 КС). Капацитетот на нивната батерија е 64 kWh (нето).

Дополнително ќе биде објавено кои модели ќе бидат достапни на македонскиот пазар.

пр објава


Можеби ќе ве интересира

Експозитура „Центар“ на НЛБ Банка трансформирана од традиционален во модерен банкарски објект

Експозитура „Центар“ на НЛБ Банка трансформирана од традиционален во модерен банкарски објект

Септемвриски попуст од 30% на сите експонати на мебел во КМ МЕБЕЛ

Септемвриски попуст од 30% на сите експонати на мебел во КМ МЕБЕЛ

Оваа недела започнува Weekend.17 – единствениот фестивал за кој не треба најава

Оваа недела започнува Weekend.17 – единствениот фестивал за кој не треба најава

Пензиските друштва го одбележаа почетокот на новата кампања „Засади желба за одржлива иднина“

Пензиските друштва го одбележаа почетокот на новата кампања „Засади желба за одржлива иднина“

„Алкалоид“ го комплетираше првиот настан за развој на лидерството

„Алкалоид“ го комплетираше првиот настан за развој на лидерството

Samsung Electronics освои 45 награди, вклучително и 2 златни, на Меѓународните награди за извонредност во дизајнот 2024 година

Samsung Electronics освои 45 награди, вклучително и 2 златни, на Меѓународните награди за извонредност во дизајнот 2024 година

ИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ ПОБЕДНИК ВО ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОНАТ НА РИДСКИ ПАТЕКИ ВО ГРУПА 1

ИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ ПОБЕДНИК ВО ЕВРОПСКИОТ ШАМПИОНАТ НА РИДСКИ ПАТЕКИ ВО ГРУПА 1

ВОЗИЛАТА ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА САЕМ ВО САД

ВОЗИЛАТА ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА САЕМ ВО САД

Настанот - вежбај на отворено со Елена Бубало во Паркот на франкофонијата во Скопје се одложува заради неповолните временски услови

Настанот - вежбај на отворено со Елена Бубало во Паркот на франкофонијата во Скопје се одложува заради неповолните временски услови