ВОЗИЛАТА ГРИН МАШИНС НА БРАКО НА САЕМ ВО САД

Објавено во: Мои пари 15 Септември, 2024 10:26
На саем во САД, БРАКО ги изложи своите електрични возилата за чистење Грин Машинс, претставувајќи ги пред претставници на локалните власти и специјализирани комунални претпријатија од сите сојузни држави на настан во Атланта, Џорџија.
Станува забор за најпознатиот саем за комунални работи во САД „Public Works Expo “, кој беше посетен од одговорните лица за комунални прашања од стотици американски градови.
Еколошките и технолошки напредни возила за одржување на хигиена во урбани средини од брендот Грин Машинс, кои се произведуваат во македонската фабрика Брако, предизвикаа голем интерес поради нивниот модерен дизајн, ефикасноста и ефективноста што ја покажуваат при чистењето, економичноста и еколошките карактеристики.
На саемот беа изложени електричните модели 500 ZEи 400 ZE, како и унапредениот дизел модел 636, кои се најпродавани модели во палетата и се користат во повеќе од 60 земји на сите континенти во светот.
Возилата Грин Машинс се продаваат на американскиот континент преку фирмата-ќерка на Грин Машинс во Калифорнија и преку застапништвото во Мексико.
На саемот за комунални работи PWX 2024, кој е во организација на Американската Асоцијација за комунални работи, учествуваа околу 500 изложувачи, меѓу кои и најпознатите светски брендови во сферата на одржувањето хигиена во урбани средини со возила на класичен, електричен и водороден погон, а велешки БРАКО произведува модели на сите три погони.
Можеби ќе ве интересира
„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ЈА ПРОДОЛЖУВА ТРАДИЦИЈАТА: 200 БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ НА БЕНКИ ПО ПОВОД МЕСЕЦОТ НА МЕЛАНОМОТ

ЕЛЕНА ЛУКА со својот гламур и раскош повторно го освои Виенскиот бал

ИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ ПАК НА ПИЕДЕСТАЛ, ТРЕТО МЕСТО НА РАМПА ДА ФАЛПЕРА

Проф. д-р Крлиу: Нашата заложба е да создадеме граѓани на светот – тоа се гледа во секој наш студент

„Макпетрол“и„Телма“ во соработка со Сашко Коцев почнуваат нова забавна детска емисија

Ивановски и Поп Арсова – победници на 9.издание на HalkEco Скопје Трча 10 км

Моја Кравица – верен сојузник на детската трка „Охрид трчаТ“ и детската енергија

„Арс Ламина“ освои седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книгата 2025
