„Пера Констракшн“ ќе ја гради новата зграда на општина Центар
Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2012 12:52
Компанијата „Пера Констракшн“ е избрана за најповолен понудувач за изградба на новата зграда на општина Центар. Таа на електронското јавно наддавање понуди цена од 3.080 денари за метар квадратен.
На електронското јавно наддавање за оттуѓување беше понудено градежно земјиште со вкупна површина од 7.528 метри квадратни.
Министерството за транспорт и врски денеска соопшти дека откако компанијата ќе ги уплати средствата ќе биде потпишан договорот за отуѓување на градежното земјиште.
Компанијата ќе треба на свој трошок во целост да го изгради објектот со намена „локална самоуправа“ и по изградбата да и го предаде на општина Центар. За ова, компанијата пред склучување на договорот за отуѓување на градежното земјиште ќе треба да склучи договор со општина Центар со кој ќе се утврдат правата и обврските за изградба на објектот.
Новата зграда на Центар ќе се гради на местото на сегашниот објект на општината
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец





