Перспективите пред глобалната економија се понесигурни по Брегзит
Објавено во: Економија 04 Август, 2016 12:57
Перспективите пред глобалната економија станаа несигурни по одлуката на Британците да ја напуштат Европската унија (ЕУ), посочува Европската централна банка (ЕЦБ) во економскиот билтен. Институцијата со седиште во Франкфурт ја потврди подготвеноста за акција со цел зголемување на инфлацијата во еврозоната, пишува Ројтерс.
„Нестабилноста на финансиските пазари по референдумот во Британија за членството во ЕУ беше краткотрајна„, пишува во извештајот. „Сепак несигурноста во однос на глобалните перспективи се зголемила, додека податоците за вториот квартал покажуваат дека активноста и трговијата на глобален план се потиснати“, дополнува централната банка на еврозоната.
Во склад со коментарите на претседателот на ЕЦБ Марио Драги во јули ЕЦБ наведува во извештајот дека чека повеќе информации, вклучувајќи ги и новите проекции, кои ќе бидат објавени во септември, пред да се донесуваат одлуки за евентуални промени во монетарната политика.
ЕЦБ констатира дека економското заздравување на еврозоната продолжува. Таа е поддржана од домашната побарувачка, додека растот на извозот останува скромен. Се очекува економското подигнување на продолжи со умерено темпо.
Според ЕЦБ домашната побарувачка добива поддршка од пренесување на мерките на монетарната политика врз реалната економија.
„Поволните финансиски услови и подобрувањата во корпоративните профити продолжуваат да го стимулираат обновувањето на инвестициите. Одржливите зголемување на вработеноста, кои се должат и на успешни структурни реформи, и сеуште релативно ниските цени на нафтата обезбедија дополнителна поддршка за реалните еднократни приходи на домаќинствата и оттаму - за приватната потрошувачка“, пишува во анализата.
Сепак „реципрочните ветрови за економското заздравување на еврозоната го вклучуваат развојот од британскиот референдум и други геополитички непознати, угнетените перспективи пред растот на економиите во развој и бавното спроведување на структурни реформи“, посочува ЕЦБ.
Што се однесува до инфлацијата, која ЕЦБ сака да ја доближи до 2%, во еврозоната останува блиску до нула во последните месеци. Врз основа на тековните цени на нафтата ЕЦБ признава дека инфлацијата ќе остане многу ниска во следните месеци пред да почне да се зголемува подоцна во 2016 година поради прогнозираниот основен ефект при годишната измена на цените на енергетските извори.
Според ЕЦБ банките успеваат да ги пренесат мерките на нејзината монетарна политика во форма на пониски камати на кредитите и поповолни кредитни услови кои го потпомагаат обновувањето на кредитирањето. ЕЦБ забележа раст на побарувачката на кредити во вториот квартал на 2016 година
Можеби ќе ве интересира
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?




