19 Декември, 2025
0.0592

Пешевски најавува развој на економските зони, нова инфраструктура, хидросистеми

Објавено во: Економија 04 Март, 2013 21:21

Добивај вести на Viber

Развојот на економијата преку изградба на економските развојни зони, олеснување на условите за инвестирање и правење бизнис во сите општини, но и изградбата на хидросистемите се дел од клучните активности во програмите на кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Владимир Пешевски, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер за економски прашања. Тој притоа посочи дека економските развојни зони наменети за странски и домашни инвеститори во голем дел од општините  дале видливи резултати. „Тука сметам на индустриската зона Жабени во Битола во која веќе во изградба се неколку фабрики од поголем капацитет, индустриската зона Алинци во Прилеп за која интерес покажаа голем број домашни инвеститори, како и зоните Речани 1 и 2, УЗУС во Велес каде што повеќе локални фирми веќе градат свои нови капацитети. Исто така и примерите со големите странски инвестиции Џонсон Контролс во Штип, Дрекслмаер во Кавадарци, Кромберг и Шуберт во Битола, економските зони во општина Илинден се добар пример како со планирана и динамична работа општините можат да дадат силна поддршка во развојот на економијата и стопанството“, рече Пешевски. Понатаму појасни тој ќе се работи и на изградба на инфраструктурата за индустриските зони како предуслови за привлекување на инвеститорите. „Ќе продолжиме да работиме на довршување на неколку хидросистеми во РМ, со кои директно ќе се помага развојот на земјоделството, но истовремено и ќе се заштитат неселените места од последиците од секои поголеми обилни врнежи. Ова, според нас, ќе бидат сегментите кои ќе придонесат кон забрзан економски развој на општините, ќе го подобрат стандардот на граѓаните и ќе отворат нови работни места“, истакна вицепремиерот Пешевски.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар