28 Септември, 2024
0.0247

Пет фактори за лидерството на американската економија

Објавено во: Анализа 09 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Европа се соочува со сериозни тешкотии. Кина се соочува со побавен раст. Јапонија се бори да го задржи колебливиот напредок. Пазар на труд во САД сепак е смешен, а стапката на економски раст стабилно се зајакнува. Петте полни години по рецесијата завршија, а економијата конечно ја покажува моќта која Американците долго ја чекаа. Пол Уазман од Associated Press наведува пет причини зошто САД ги претекнува останатите водечки економии: Агресивна централна банка "Управата за федерални резерви (ФЕД) се активира побрзо и поагресивно од другите централни банки во одржувањето на ниски камати", вели Бернард Бомол, главен глобален економист во Economic Outlook Group. Во декември 2008 година ФЕД ги симна речиси на нула краткорочните каматни стапки и ги задржа на ова ниво. ФЕД исто така започна програма за откуп на обврзници, за да ги намали долгорочните камати. А Европската централна банка (ЕЦБ), за разлика од ФЕД, реагира бавно на знаците за економски проблеми меѓу 18-те земји, чија валута е еврото .ЕЦБ всушност ја подигна стапката во 2011 година - истата година во која еврозоната повторно потона во рецесија. Важно е да не заборавиме дека ФЕД има две основни задачи: да ги одржува цените стабилни и да обезбедува услови за што е можно повисока вработеност. ЕЦБ има само една: да презема мерки против високата инфлација. Посилни банки САД се засилија побрзо од Европа во реконструкцијата на банките по финансиската криза од 2008-2009 година. Американската влада го спаси финансискиот систем и ги подложи големите банки на стрес тестови во 2009 година, за да се открие нивната финансиска сила. Откако покажаа дека банките се изненадувачки стабилни, тестовите помогна да се обнови довербата во американсканскиот финансиски систем. Банките постепено почнаа дакредитираат повторно. Европските банки едвај сега минуваат низ стрес тестови и резултатите нема да излезат пред есен (во 2011 година исто така имаше стрес тестови на банките во ЕУ). Во меѓувреме на банките во Европа им недостасува доверба. Тие се плашат дека други банки држат премногу лоши кредити и дека Европа е подложна на нова криза. Затоа тие не кредитираат многу. Во САД кредитирањето на бизнисот скокнал за 10%. Во еврозоната кредитирањето како целина е намалено за 3,7%, според податоците на Институтот за меѓународни финансии (ИМФ). Пофлексибилна економија Економистите велат дека Јапонија и Европа треба да започнат реформи, за да ги направат нивните економии пофлексибилни - со други зборови, повеќе како САД. Потребно е Европа да ги укине ограничувањата за платите. Би можело исто така да се преиспитаат социјалните и пензиски програми кои ги обесхрабруваат луѓето да работат, и да се напушти политиката. Премиерот на Јапонија Шинзо Абе предложи реформи за да зајакнат конкурентноста на јапонската економија. Тој сака да се прошири грижи за децата, за да можат повеќе жени да работат, да ги замени малите неефикасни фарми со поголеми комерцијални фарми и да им овозможи на странските работници мигранти да го пополнуваат недостигот на работна сила во сфери како здравството и градежништвото. Неговите предлози сепак наидуваат на остро противење. Помалку буџетски заштеди Под тежината на долгови, многу европски земји се свртеа кон контракција на надуен буџетски дефицити. Тие ги намалија пензиските придонеси, кренаа даноци и ги намалија платите на државните службеници. Заштедите опустошија неколку европски економии. Тие доведоа до невработеност од 27% во Грција, 14% во Португалија и 25% во Шпанија. САД исто така направија познати буџетски заштеди и ги зголемија даноците, но режимот не беше толку суров. “Лесни пари“ Политиката на "лесни пари" на ФЕД доведе до најголемата во светот живост на американскиот пазар. Во последните пет години акциите во САД лесно стигнаа пред акциите во Европа, Јапонија и Хонг Конг. Тоа беше една од целите на Бернанке преку намалување на каматата. Тој сметаше дека дефинираните нивоа на фиксен принос ќе ги придвижат инвеститорите кон акции во потрага на повисок поврат. Тогаш повисоките цени на акциите ќе ги натера Американците да се чувствуваат посигурни и подготвени да потрошат - т.н. ефект на богатството. Повеќето економисти се согласуваат дека тоа функционираше. К.К.