16 Јануари, 2025
0.0545

Пет години затвор за кражба на парно греење, струја или гас!

Објавено во: Економија 09 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Пет години затвор можат да добијат граѓаните кои ќе бидат фатени дека крадат струја, парно или гас. Истовремено со затворската ќе добијат и парична казна. За фирмите пак кои ќе го сторат истото дело ќе има само парични казни.Енергетските компании апелираат на свесно користење на енергенсите особено сега кога казните стануваат ригозрозни.   

 

Граѓаните кои неовластено ќе користат струја, парно или природен гас, ќе заработат затворска казна, ова го предвидуваат измените на Кривичниот законик, што е на сила  веќе неколку дена. Но, освен затворска казна, сторителот истовремено ќе добие и парична казна. За кражба на електрична, топлинска енергија или природен гас, казната затвор ќе биде 3 години. Но, доколку вредноста на украдениот енергенс е поголема, тогаш казната затвор ќе биде 5 години. Ако, кражбата ја стори правно лице ќе се изрекува само парична казна.

Енергетските компании апелираат до граѓаните, енергенсите да ги користат свесно и да нема неовластени приклучоци, особено сега кога казните се ригорозни.

Ваквите измени, доаѓаат во вистинско време за новиот играч на пазарот на топлинска енергија, компанијата Балкан Енерџи Груп, што сега ги снабдува Скопјани со парно греење. Не се непознати ситуациите каде граѓани кои го исклучуваа парното греење, потоа неовластено повторно сами го вклучуваа или пак додаваа и дополнителни радијатори. Сега, со оглед на можноста за затворска казна, се очекува ваквите злоупотреби да се намалат.

Сепак, најголеми се кражбите на струја, со оглед и на фактот дека секое семејство го користи овој енергенс.

За кражба на струја ќе се смета секоја манипулација или онеспособување на броило, премостување на броило, превземање на енергија пред уредот за мерење, приклучување на мрежата без согласнот на ЕВН или било какви промени со мерните уреди. Од ЕВН, објаснуваат дека нивни екипи постојано се на терен и вршат контроли,  а онаму каде ќе се утврди кражба тие одат во судска процедура.

Само минатата година биле утврдени 6000 кражби на струја. Вредноста на украдената електрична енергија изнесувала 10 милиони евра, а Буџетот на државата е оштетен за 2 милиони евра.

Со кражбите на електрична енергија најмногу страдаат оние што си ги плаќаат сметките. Но, голема е опасноста и за оние кои живеат во близина на нивните соседи кои крадат струја, како и за самите крадци , бидејќи се под постојана закана за можни експлозии и пожари,велат од ЕВН. Дополнително додаваат оттаму и дека во областите каде има кражби почести се дефектите на мрежатата како и слабиот напон.

Во членот 235 од изменетиот и дополнетиот Кривичен законик пишува дека:

„Тој што со приклучување без согласност на соодветниот оператор на системот, со превземање пред уред за мерење, со отстранување, онеспособување, премостување, промени и слично ракување со уред за мерење или на друг начин неовластено ќе користи електрична енергија, топлинска енергија или природен гас, со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист, ќе се казни со затвор до три години и со парична казна. Ако вредноста на украдената електрична енергија, топлинска енергија или природен гас е поголема, сторителот ќе се казни со затвор до пет години и со парична казнаАко кражбата односно неовластеното приклучување на некоја од енергетските мрежи ја стори правно лице, тогаш ќе се казни со парична казна“

Законот не ги прецизира сумите за паричните казни, бидејќи тие ќе бидат различни во зависност од тоа колава штета е направена, и колкав е инсталираниот енергетски капацитет на корисникот што пак се утврдува со методологија донесена од Регулаторната комисија за енергетика.

Можеби ќе ве интересира

САКААТ ДА ГИ ЗАБРАНАТ РУСКИОТ ЛНГ И АЛУМИНИУМ: Брисел подготвува нов пакет санкции против Москва

САКААТ ДА ГИ ЗАБРАНАТ РУСКИОТ ЛНГ И АЛУМИНИУМ: Брисел подготвува нов пакет санкции против Москва

ЕНЕРГЕТСКИ ЈАЗ: Европа ризикува да не ги исполни своите цели за складирање гас за следната зима

ЕНЕРГЕТСКИ ЈАЗ: Европа ризикува да не ги исполни своите цели за складирање гас за следната зима

ТРАЈЧЕ ЗАЕВ МУ ГИ ПРОДАДЕ СИТЕ СВОИ АКЦИИ ВО „ГЕРАС ЦУНЕВ“ НА СВОЈОТ БРАТУЧЕД - еве колку плати Вице Заев за струмичката конфекција

ТРАЈЧЕ ЗАЕВ МУ ГИ ПРОДАДЕ СИТЕ СВОИ АКЦИИ ВО „ГЕРАС ЦУНЕВ“ НА СВОЈОТ БРАТУЧЕД - еве колку плати Вице Заев за струмичката конфекција

Скопска топилница по 13 години повторно започнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно започнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Зошто Украинците посегнаа по гасоводот „Турски ток“ и дали е ова „катиљ ферман“ за Ердоган?

Зошто Украинците посегнаа по гасоводот „Турски ток“ и дали е ова „катиљ ферман“ за Ердоган?

СЈАЈОТ И БЕДАТА НА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Дали беше поскапа или поевтина празничната трпеза

СЈАЈОТ И БЕДАТА НА „НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА“: Дали беше поскапа или поевтина празничната трпеза

ХРВАТИТЕ И ЦРНОГОРЦИТЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ БЕЗ ИСКУСТВО: Плата до 2.500 евра, обезбедена храна и сместување

ХРВАТИТЕ И ЦРНОГОРЦИТЕ БАРААТ СЕЗОНСКИ РАБОТНИЦИ БЕЗ ИСКУСТВО: Плата до 2.500 евра, обезбедена храна и сместување

ГРЦИЈА ДЕФИНИТИВНО ПОСКАПУВА: Поевтин ли е одморот во друга земја од регионот?

ГРЦИЈА ДЕФИНИТИВНО ПОСКАПУВА: Поевтин ли е одморот во друга земја од регионот?

ЕВРОПА ЖИВЕЕ НА КРЕДИТ: Франција никогаш не била позадолжена

ЕВРОПА ЖИВЕЕ НА КРЕДИТ: Франција никогаш не била позадолжена