26 Ноември, 2024
0.0263

Пет компании се пријавиja за изградба на гасоводот во Македонија до Грција

Објавено во: Економија 08 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Пет компании се пријавиле на меѓународниот повик за изградба на македонскиот дел од гасоводот преку границата со Грција. Тендерот беше објавен на 24 ноември лани, а крајниот рок за пријавување заврши на 1 февруари годинава.

- На повикот се пријавени вкупно пет заинтересирани страни, од кои 4 странски и една домашна, ни одговорија од инвеститорот, кој во случајов е акционерското друштво во државна сопственост „Номагас“. 

Иако првично беше првично проценето проектот да чини 57,8 милиони евра, во меѓувреме во енергетската и воената криза се зголеми проектираната сума на 83 653 000 евра.

Неофицијално, повеќето компании доставиле пониска сума од проектираната. Од „Номагас“ ни одговорија дека ќе биде потребно време за да се одбере најповолната понуда, затоа што документацијата е обемна.

„Евалуацијата веќе е започната и е во тек, но нема конкретен рок бидејќи понудите се многу волуминозни и секако дека рокот ќе зависи од тоа дали ќе треба да се бара објаснување за одредени прашања. Треба да се напомене дека целата постапка е во согласност со правилата на Европската Инвестициона Банка, и извештајот од евалуација ќе се прати на одобрување кај нив. Но, секако дека заедно со конултантите се прават сите напори за да се убрза целата постапка, бидејќи проектот е од исклучително и стратешка важност за државата“, велат од „Номагас“.

Интерконекторот кон јужниот сосед на нашата земја треба да ѝ обезбеди посигурно снабдување со природен гас, како и диверзификација на изворите од каде Македонија досега го набавуваше гасот, односно руски „Газпром“. Единствената прекугранична гасоводна врска што ја има Македонија во моментов е со Бугарија.

Идниот гасовод меѓу Македонија и Грција е со должина од 123 километри и ќе се гради на потегот од Неготино преку Гевгелија до Неа Месимвриа во Грција. На овој начин, во иднина би се обезбедила алтернативна врска за обезбедување на природен гас од идниот ЛНГ-терминал во Грција, како и од гасоводот ТАП кој од Азербејџан преку Турција носи природен гас кон Европа.

„Ако оди се според планот, и ако имаме прифатлива понуда , до крајот на март треба да почне изградбата“, очекуваат од „Номагас“. Од таму додаваат дека не очекуваат надворешни опструкции на процесот бидејќи станува збор за стратешки интерес на пошироката енергетска заедница.

Претходно министерот за економија, Крешник Бектеши, рече дека низ гасоводот ќе се пренесува и водород, затоа што во иднина државата планира да овозможи изградба на две водородни централи за производство на електрична енергија.

- Имајќи предвид дека сме при крај од изградбата на новиот интерконктор заедно со Република Грција кој треба да го зголеми капацитетот во државава во делот на снабдување со природен гас, но и со можност во иднина да можеме да пренесеме и водород, посочува министерот, почнавме и постапка за изградба на нови капацитети за производство на електрична енергија, рече Бектеши пред две недели.

А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија