28 Октомври, 2024
0.0251

ПЕТ МАКЕДОНСКИ ФИРМИ ВЛЕГУВААТ ВО АКВИЗИЦИЈА НА ЧЕШКА КОМПАНИЈА - работат компјутерско програмирање и игри на среќа и коцкање

Објавено во: Економија 24 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Пет македонски компании од делот на информациските системи, комјутерското програмирање и организирањето игри на среќа, ќе влезат во аквизиција на друга чешка компанија.

Оваа информација македонската јавност ја дознава преку нашата Комисија за заштита на конкуренцијата, до која стигнаа информациите за една зделка што треба да се случи во Чешка, меѓу две компании од таа држава, а која е поврзана со нашите четири фирми.

Првата компанија е од Прага, додека втората е од Острава, трет град по големина во Чешка. Или, до Комисијата за заштита на конкуренцијата е доствено известување за концентрација со која Арицома со седиште во Прага, има намера да стекне целосна контрола врз ТаксЛабс од Острава, исто така Република Чешка.

Како што наведуваат од Комисијата, Арицома а.с. е холдинг компанија која управува со удели во своите ќерки фирми, и тоа Арицома Системс, Сабрис Консалтинг, како и Арицома Ентерпрајс Сајберсекјурити.

Арицома Системс, пак, се фокусира на имплементација на проекти на големи претпријатија и големи клиенти, имплементација и поддршка на деловните информациски системи на Microsoft Dynamics, а обезбедува и ИТ инфраструктура, корпоративни апликации, поддршка за деловни процеси, грижа за корисници и ИТ безбедност. Сабрис Консалтинг се фокусира на САП експертиза, бизнис решенија и поврзани услуги. И на крајот, третата компанија во холдингот, Арицома Ентерпрајс Сабејсекјурити, обезбедува безбедносни технологии, безбедносна проценка, услуги за сајбер одбрана и советодавни услуги за GDPR/усогласеност.

Арицома, пак, припаѓа на ККЦГ Групацијата. Таа Групација инвестира во различни деловни области, вклучувајќи лотарии и игри на среќа, енергетика, недвижности и информатички технологии.

Она што за нас е битно, е дека во земјава ККЦГ Групацијата е присутна на пазарот за работење со терминали за видео лотарија и информатички технологии, а присутна е преку неколку друштва.

Едно од нив е друштвото за приредување игри на среќа Касинос Австрија Интернационал Македонија од Скопје,  ДОО Скопје, чија приоритетна дејност е коцкање и обложување. Потоа, друштвото за приредување на игри на среќа Државна видеолотарија на Република Македонија – Касинос Австрија ДОО Скопје, со приоритетна дејност, исто така коцкање и обложување. Во рамките на таа групација е и Киншифт ДООЕЛ Скопје, порано со назив Сеавус ДООЕЛ Скопје, чија приоритетна дејност е компјутерско програмирање, а влегува и Друштвото за компјутерско образование и развој на иновации Киншифт Академи ДООЕЛ Скопје, порано со назив Сеавус едукативен центар и развој ДООЕЛ Скопје, а чија приоритетна дејност е друго образование неспомнато на друго место. И, во рамките на ККЦГ Групацијата спаѓа и друштвото за производство, трговија и услуги Мусала Софт ДООЕЛ Скопје, чија приоритетна дејност е компјутерско програмирање.

Трансакцијата е во врска со стекнување на целосна контрола од Арицома врз ТаксЛабс со седиште воЧешка, чија приоритетна дејност е развој, имплементација и одржување на информациски системи. По пат на предложената трансакција Групацијата ККЦГ ќе се стекне со целосна индиректна контрола врз ТаксЛабс, преку поврзаното лице Арицома, се вели во објавата од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

„Подносителот на известувањето смета дека како релевантен пазар за предметната концентрација би можел да се дефинира пазарот на услуги од информатичка технологија - ИТ во Република Северна Македонија. Врз основа на прелиминарното испитување, Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана. Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата“, потенцираат.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПЕЈЦИТЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД СЀ ЗА ДА ГИ ПЛАТАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ДОМУВАЊЕ: Еве како го кројат буџетот во домаќинствата

ЕВРОПЕЈЦИТЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД СЀ ЗА ДА ГИ ПЛАТАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА ДОМУВАЊЕ: Еве како го кројат буџетот во домаќинствата

Која е „шансата“ што оваа европска земја им ја нуди на странците? Со неа месечно доаѓаат 550 луѓе

Која е „шансата“ што оваа европска земја им ја нуди на странците? Со неа месечно доаѓаат 550 луѓе

„Целта ни е да постигнеме повисока цена на тутунот, да ги задржиме младите“: тутунопроизводителите велат имаме квалитетен продукт

„Целта ни е да постигнеме повисока цена на тутунот, да ги задржиме младите“: тутунопроизводителите велат имаме квалитетен продукт

УСВОИЈА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА - еве како влијаеше на нивната економија

УСВОИЈА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА - еве како влијаеше на нивната економија

ТРИ УРЕДИ КОИ „ГОЛТААТ“ СТРУЈА! Еве како да ги намалите сметките на половина, електричар советува што прво да направите

ТРИ УРЕДИ КОИ „ГОЛТААТ“ СТРУЈА! Еве како да ги намалите сметките на половина, електричар советува што прво да направите

Народната банка бележи прогрес во областа на статистиката, од следната година ќе објавува и податоци за финансиските текови

Народната банка бележи прогрес во областа на статистиката, од следната година ќе објавува и податоци за финансиските текови

КАЗАХСТАН И УЗБЕКИСТАН НОВИ ПАРТНЕРИ НА БРИКС: „Ова е веќе голем чекор“

КАЗАХСТАН И УЗБЕКИСТАН НОВИ ПАРТНЕРИ НА БРИКС: „Ова е веќе голем чекор“

ДОЛГОТ Е ПРЕГОЛЕМ: моден синџир затвора продавници низ повеќе балкански земји

ДОЛГОТ Е ПРЕГОЛЕМ: моден синџир затвора продавници низ повеќе балкански земји

„ПЛАТИТЕ ОД 6.000 ЕВРА МОЖЕ ДА СТАНАТ МИНАТО“: германскиот автомобилски гигант во криза, граѓаните стравуваат за иднината

„ПЛАТИТЕ ОД 6.000 ЕВРА МОЖЕ ДА СТАНАТ МИНАТО“: германскиот автомобилски гигант во криза, граѓаните стравуваат за иднината