29 Март, 2024
0.0263

Колумна на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија

ПЕТ ПРАШАЊА ДО ВЛАДАТА ПО ПОВОД ГОДИШНИНАТА

Објавено во: Економија 30 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

1. Започнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд. Во образложението на решението со кое се отфрла нашата иницијатива, а кое, впрочем, го добивме година дена по поднесувањето на иницијативата, Уставниот суд елаборираше дека една од причините е тоа дека здравјето на луѓето е определувачко за да не се прифати иницијативата. На тоа, впрочем, не се повикува ниту законското решение, плус еден куп исклучоци кои покажуваат дека здравјето на тие луѓе не е важно. Зарем ова не и пречи на Владата во градењето правна држава да мора да биде одбранета и со вака нелогични квалификации?!

2. Согласни сме околу барањето да ги зголемиме квотите за увоз на работна сила. Но имаме едно просто прашање: што е со нашите вундеркиндзи кои ги испративме на државна сметка на најпрестижните универзитети, а кои никако да се вратат и да и помогнат на државата. Каде се тие сега и за што се потрошени 150 милиони денари годишно, т. е. 1,5 милијарди денари за 10 години? Па нели заеднички на сите ни е обврската да ги зголемиме продуктивноста и конкурентноста ако сакаме економски развој!? Некој ќе рече дека увозот на работна сила подразбира дреари, тесари, заварувачи, но не е лошо да се провери бројката на издадени дозволи за странски менаџери, а потоа да се објави како стојат работите на овој план.

3. Постои ли во оваа држава поим ОДГОВОРНОСТ за доцнењето на инфраструктурните проекти? Сигурен сум дека во овие изминати 50-ина година потрошените пари за одржување на планинските превои ќе исфинансираа тунели низ целата држава, а да не зборувам за тешкотиите што ги имаат камионџиите кои превезуваат стока за бизнисот и за жртвите и опасностите кои демнеат на секој чекор.

4. Нели се договоривме за даночен календар заради предвидливост на билансите на компаниите?! Ако се договоривме, тогаш треба да го почитуваме тоа. Ние не сме сами за себе, тука имаме и 200 странски компании и многу други странски капитални инвестиции за кои ова е нормална работа.

5. Бидејќи од минатата година почнавме да славиме годишнини, немојте оваа година да прославуваме 12 години од иницијативата за промена на член 218 од Законот за извршување или 10 години од иницијативата за воведување холдинг-друштва или 7 години од иницијативата за зголемување на контролниот праг за преземање акционерски друштва или 5 години од барањето за промена на методологијата за пресметка на придонесите за пензиско-инвалидско осигурување. Донесете ги прво овие закони, па потоа, непочитувајќи го даночниот календар, предлагајте нови закони.

П.С. Имавме и имаме успешни заеднички проекти: зголемување на конкурентноста со ревидирање на царинските стоки; зголемување на финансиската поддршка за компаниите кои инвестираат и кои воведуваат иновации; допрецизирање на листата за непризнавање трошоци за даночни цели на данокот на добивка; овозможување доброволно регистрирање ДДВ во кој било период од годината, како и навремено враќање на ДДВ. Овде може да се споменат и соработката во решавањето на проблемите произлезени од енергетската криза, регионалните иницијативи, како и беспоговорната комуникација на сите нивоа, што значи дека Владата секогаш беше отворена за соработка. Не дека ние не знаеме оти Владата е одговорна за целокупниот живот во државата, но во тоа милје бизнисот мора да има посебно место поради бројките, приходите и поради кохезивноста во своето работење. Владата е наш партнер и овие прашања ги поставуваме најдобронамерно, без никакви калкулации, зашто само во услови на консензус може да се најде излез од кризите и да се постигнат позитивни економски резултати.


Можеби ќе ве интересира

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра