06 Декември, 2025
0.5646

ПЕТКА ЗА „СЕКОГАШ БИДИ БРОЈ 1“ - КАМПАЊА НА CREDISSIMO ЗА ПОДДРШКА НА ПРВАЧИЊАТА

Објавено во: Мои пари 02 Септември, 2025 14:05

Добивај вести на Viber

Вчера, 1.200 првачиња од  различни населени места низ Македонија добија подароци со училиштен прибор во рамки на кампањата „Секогаш биди број 1“. Оваа кампања, Credissimo ја спроведува петта година. Станува збор за активност чија основна цел е да им се посака добредојде на првачињата во училишните клупи и да добијат материјали и прибор кои ќе им користат во образовниот процес. Оваа година, кампањата опфати најголем број градови, и тоа: Делчево, Радовиш, Гевгелија, Неготино, Кавадарци, Кичево, Гостивар, Македонски Брод, Ресен, Крива Паланка, Свети Николе, Виница, Кратово, Пехчево, Пробиштип, Македонска Каменица, Дебар, Крушево и Демир Хисар.

„Она што започна како една мала, но искрена иницијатива, прерасна во традиционална кампања на државно ниво, преку која петта година по ред израдувавме голем број првачиња. Децата се нашата иднина и токму затоа ние во Credissimo несебично вложуваме во нивниот раст и развој, пред сè, преку кампањата „Секогаш биди број 1“, но и со низа други општествено одговорни проекти. Навистина,беше убаво да се видат детските насмевки предизвикани од подароците што ги пречекаа на нивниот прв училиштен ден“, изјави Георги Руков од Credissimo.

Оваа кампања на Credissimo заслужува чиста петка затоа што за пет години опфати 72 училишта во 89 населени места во државата, во кои подароци со училиштен прибор добија повеќе од 3.200 првачиња. На почетокот на учебната година, кога родителите се оптоварени со голем број трошоци за своите деца, оваа поддршка е добредојдена и корисна за сите што дава додадена вредност на кампањата. 

„Драго нѝ е што оваа година и нашето училиште е дел од кампањата „Секогаш биди број 1“ на Credissimo. Особено е важно тоа што се опфатени голем број помали градови од државата, сметам дека тоа е еден добар пример за тоа дека сите заедно треба да работиме за да создадеме подобри услови за образованието“ - изјави Љубица Толовска, директор на ОУ „Страшо Пинџур“ во Неготино.

Компанијата Credissimo, покрај кампањата „Секогаш биди број 1“, е препознатлива и по други општествено одговорни проекти во повеќе области како грижа и подигање на свеста за машкото и женското здравје, екоакции, реновирање библиотеки и донации во Зоолошката градина во Скопје.   

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј