Петличковски вели можно е да имаме нов бран наесен
Објавено во: Македонија 15 Април, 2022 21:19
Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски вели дека треба да бидеме внимателни и да се подготвиме за евентуален нов бран.
Тој вечерва во гостувањето на телевизијата Телма изјави дека сега се наоѓаме во многу помирен дел од пандемијата, но треба да бидеме внимателни бидејќи не знаеме што ќе ни донесе есента.
„Мислам дека имаме неколку месеци, пролет и лето, кои ќе бидат стабилни и мирни. Од есен ќе правиме нови планови како понатаму,“ рече Петличковски.
Вели дека иако во моментов голем дел од европските земји имаат високи бројки на новооткриени случаи, оптоварувањето на нивните здравствени системи е мало, и затоа со повеќе прибегнуваат кон олабавување на мерките.
За 24 часа во Македонија има 96 заразени со коронавирусот, а починати нема. Ковид мерките кај нас се олеснети. Маски треба да се носат во болници, аптеки, старечки домови и во јавен превоз.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




