Петре Шилегов ги оставил вработените во јавните претпријатија без плата?
Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2021 13:05
Петре Шилегов си заминал од функцијата градоначалник на Град Скопје, без да ги потпише решенијата за субвенционирање на платите во градските јавни претпријатија, брифираaт извори од општинската администрација.
„Шилегов го остави градот во хаос, а вработените во јавните претпријатија под Град Скопје без плати. Петре Шилегов, претходниот градоначалник на Град Скопје, си заминал од функцијата оставајќи го градот во тотален хаос. Наши извори брифираат дека Шилегов го напуштил кабинетот без да ги заврши постапките за субвенции за плата за вработените во јавните пријатија што се под Град Скопје, а истите јавни претпријатија поради лошо менаџирање, за само четири години ги направил загубари“, реагираат од таму.
Шилегов го напуштил градоначалничкиот кабинет на 8 ноември, додека Арсовска отпочна процедура за упис во Централниот регистар и засега не може административно да постапува.
„Налозите не биле потпишани ни испратени, иако тој имаше 8 дена да го стори тоа, за да може да бидат платени придонесите за сите вработени и да биде исплатена платата. Дали со ова Шилегов свесно креирал криза за вработените во јавните претпријатија, но и за градот?“, велат нашите извори..
Арсовска веќе е на функција, но, како што нè информираат, се уште трае процедурата додека административно да го преземе управувањето со градот. Во ме ѓувреме, стотици вработени од јавните претпријатија под надлежност на градот, нема навреме да земат плата. Најкритични кои зависат од субвенции од градот се ЈП Улици и патишта и ЈСП.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





