21 Јануари, 2025
0.0238

Philip Morris се сели на пазарите во развој – таму има повеќе пушачи!

Објавено во: Мои пари 26 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Како последица на големиот број забрани за пушење и предупредувањата за влијанието врз здравјето на цигарите производителот на Marlboro, Philip Morris International продолжува со мерење на намалената продажба. Во првиот квартал на годината американската компанија има продадено 196 милијарди, што е пад за повеќе од 4 % во однос на истиот период минатата година, пренесува MarketWatch . Компанијата страда и од неповолните валутни курсеви. Приходите пред одбивањето на данокот на тутунот , се намалуваат со речиси 9 отсто до 6,90 милијарди долари, објави Philip Morris во Њујорк. Добивката изнесува 1,9 милијарди долари, или 1,18 долари по акција, што е пад од 12 % во однос на профитот од 2,13 милијарди долари, или 1,28 долари по акција, една година претходно. На спонзорска основа профитот на концернот изнесува 1,19 долари по акција, надминувајќи ги со тоа прогнозите на Wall Street со 3 центи, покажуваат податоците на FactSet. Минатата година производителот на тутун соопшти дека во 2014 година ќе влезе на брзиот пазар на електронски цигари и дека ќе работи на исполнување на плановите за нудење на други алтернативни производи, откако продажбата на традиционалниот тутун се намали. Производителот на цигари со брендовите Marlboro и L & M бара начини за проширување на своето присуство на пазарите во развој - особено откако продажбата на развиените пазари почна да се намалува. Американскиот тутунски гигант „Филип Морис“ минатата недела објави дека ги завршил преговорите за стратешко партнерство со Тутунски комбинат – Прилеп, а договорот треба да се потпише веднаш по изборите. Согласно објавените услови, партнерството ќе се одвива преку формирање ново друштво со ограничена одговорност (ДОО) во кое „Филип Морис Интернешенал менаџмент“ ќе има учество од 51 процент во капиталот, а Тутунски комбинат -Прилеп 49 проценти. Оваа фирма ќе биде одговорна за производство, дистрибуција, промоција и продажба на брендовите од заедничкото портфолио на домашниот пазар. Дополнително со договорот се обезбедува директен пласман на значителни количини македонски ориентален тутун за потребите на „Филип Морис“. Ова е вторпат како се најавува партнерство меѓу прилепскиот тутунски комбинат и светскиот гигант. Претходно истото беше објавено и лани во август, кога раководството на Комбинатот тврдеше дека договорот со „Филип Морис“ е потпишан, но без да објави повеќе детали од него. Еден месец подоцна беше објавено дека технолози на „Филип Морис“ ја посетиле македонската фабрика за да ја скенираат состојбата и да ги отпочнат постапките на имплементација на договореното стратешко партнерство. Во јануари годинава „Филип Морис“ отвори свои канцеларии во Македонија. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Кои се премиум работите кои навистина вредат? Вистинските премиум работи!

Кои се премиум работите кои навистина вредат? Вистинските премиум работи!

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ОДГОВОРЕН ПРИРЕДУВАЧ НА ИГРИ НА СРЕЌА

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Хуманоста, желбата да се помогне и да се сплоти доброто во човекот е водечка сила која компанијата Зегин традиционално ја истакнува на Водици

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

Samsung се здружи со Nexon за да испорача неспоредливо 3D гејминг искуство со играта „The First Berserker: Khazan“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ПОТПИСОТ И ПЕЧАТОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМААТ ГОЛЕМО ЗНАЧЕЊЕ И НА АМЕРИКАНСКОТО ТЛО“

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

Сите трошоци на кредитот што треба да ги знаете пред аплицирање

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев