05 Декември, 2025
0.0288

Пиратски софтвер ги чини богатство светските компании

Објавено во: Анализа 24 Март, 2014 15:04

Добивај вести на Viber

Меѓународните компании ќе потрошат речиси 500 милијарди долари во 2014 година, за да се справат со проблемите предизвикани од малициозен софтвер, намерно интегриран со пиратски софтвер. Од нив 127 милијарди долари ќе бидат потрошени за справување со прашања поврзани со безбедноста и 364 милијарди долари за борба против кражба на лични податоци, тврди ново заедничко истражување на IDC и Националниот универзитет на Сингапур. Корисниците , од друга страна , се очекува да потрошат 25 милијарди долари и да изгубат 1,2 милијарди часа оваа година, поради закани по безбедноста и скапи компјутерски поправки како резултат на пиратскиот софтвер со малициозен софтвер. Студијата " Врската помеѓу нелегалниот софтвер и нарушувањата на cybersecurity " , исто така , открива дека за 60% од испитаниците , најголем страв имаат од заразен софтвер поврзан со губење на податоци , датотеки или лични информации , следен од неовластени интернет трансакции ( 51%) и хакирање на e-mail , социјалните мрежи и банкарски сметки ( 50% ) . Според истражувањето владите се загрижени од загубата на бизнис трговски тајни или конкурентни информации (59%), неовластен пристап до доверливи државна информации (55%), како и од влијанието на сајбер нападите врз критичната инфраструктура (55%). Се смета дека владите можат да загубат над 50 милијарди долари за справување со проблемите поврзани со малициозен софтвер на пиратски софтвер. Употребата на пиратски софтвер е како прошетка низ минирано поле: не се знае кога ќе се судрите со нешто опасно, но ако го направите, тоа може да биде многу деструктивно ", коментира Џон Ганц, главен истражувач во IDC. "Финансиските ризици се значителни, а потенцијалните загуби би можеле да ги уништи некогаш профитабилните бизниси. Купување на легитимен софтвер е поефтино во долг рок - барем знаете дека нема да добиете било што"екстра" во форма на малициозен софтвер. " Анализа на научниците од Националниот универзитет на Сингапур на 203 нови компјутери, натоварени со пиратски софтвер, е утврдено дека 61% од компјутерите биле претходно заразени со малициозен софтвер, вклучувајќи тројанци, црви, вируси, хакерски алатки и adware. Во склоп со глобалното истражување  анкетирани се  1.700 корисници, ИТ директори, CIO и државни службеници во Бразил, Кина, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Јапонија, Мексико, Полска, Русија, Сингапур, Украина, Велика Британија и САД. K.K.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени