Писма и балони за ГТЦ-Архитектите продолжуваат со одбраната
Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2013 12:04
Од АММ најавуваат дека акцијата ќе продолжи со различни форми на креативно изразување, јавно говорење и институционални реакции.
1. ГО САКАМ ГТЦ е порака која ќе ги потсети сите дека треба да истрајат во одбраната на ГТЦ така што ќе лебди испишана на стотина балони, во четврток, на 03.10.2013год.
2. Писма – овозможување на граѓаните да им се обратат на одговорните (самите ќе ги именуваат), да се обратат до носителите на одлуките за преправањето на ГТЦ со писма во кои ќе ги изнесат своите ставови, мислења и сугестии.Формата на писмото (темплеитот) ќе биде поставена и достапна на интернет, а писмото потоа ќе му биде врачено на адресираниот примач по пошта (на рака).
3. Настапот на Ана Христова и ДЈ ќе биде музичка илустрација на средба-муабет со подсетување во Жена парк, во четврток, на 03.10.2013год., во 19.30ч. (во зависност од временските услови) со дониран безалкохолен пијалок 4. Инсталација/изложба на сликарката Пандора Апостолоска Саздовска.
Иницијативата „Го сакам ГТЦ“ започна во јуни 2013-та година како реакција на проектот за нова фасада и доградба на Градскиот трговски центар со кој целосно би се уништила архитектурата на објектот, како и неговата урбанистичка улога на „улица“ низ централното градско јадро. Архитектите во текот на првата иницијатива со писма се обратија до сите надлежни институции и побараа да се зачува автентичниот лик на ГТЦ.
Асоцијација на архитекти на Македонија е поддржана и од професионалци од релевантни области, невладини организации и граѓани кои го сакаат и ценат ГТЦ ја стартуваа оваа иницијатива. Борбата за за зачувување на автентичноста на ГТЦ доби поддршка и од Здружението на сопственици на деловен простор во ГТЦ и жители на станбените кули.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





