15 Мај, 2024
0.0344

Пивара Скопје доби награда за одржлив развој

Објавено во: Мои пари 27 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Пивара Скопје ја доби годинешната награда „Предводници на Целите за одржлив развој“ на Обединетите Нации. Од компанијата велат дека со наградата која се доделува во рамки на Проектот „Градење меѓусекторски партнерства за одржлив развој“, што го финансира Европската Унија, а го спроведува организацијата „Конект“, се потврдува лидерската улога на Пивара Скопје и нејзиниот долгогодишен придонес во постигнување на глобалните цели за одржлив развој, како и за нејзиното значење и влијание врз развојот на домашната економија и заедницата воопшто.

„Исклучително сме среќни и горди на оваа награда која ја доживуваме како верификација на постојаните, долгорочни вложувања и напори на нашата компанија и на сите нејзини вработени во остварување на целите за одржлив развој. Тие се спроведуваат континуирано во текот на редовното работење на Пивара Скопје, како и преку реализацијата на голем број општествено одговорни платформи во области како што се eдукацијата и развојот на младите, обезбедување чиста животна средина и заштита на водните ресурси, унапредување на здравјето и безбедноста, на умерената и одговорна консумација на алкохол, афирмирањето на полова рамноправност и други области кои имаат навистина големо значење за квалитетот на животот на целата заедница. Се разбира, во ова од голема полза е лидерството и поддршката што ја добиваме од системите на Coca-ColaHBC и HEINEKEN каде припаѓа нашата компанија“, изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје, заблагодарувајќи се за наградата.


Во креирањето и реализацијата на активностите и платформите за одржлив развој, Пивара Скопје има долгорочен и стратешки пристап. Притоа, во реализацијата на сите проекти компанијата настојува да вклучи голем број партнерски компании, институции, граѓански организации и поединци, а секако и своите вработени и членовите на менаџментот на компанијата, промовирајќи го на тој начин волонтерскиот ангажман, како посебен облик на општествено одговорно дејствување.


За своите досегашни заложби за одржливост, заедно со останатите членки на Coca-Cola HBC групацијата, три години последователно, Пивара Скопје беше рангирана на првото место во индустријата за пијалаци во светот, според престижното глобално рангирање кое го прави „Дау Џонс индекси за одржливост“ (The Dow Jones Sustainability Indices). Се работи за глобален успех кој е резултат на голем број конкретни активности и инвестиции во зголемување на топлинската ефикасност и заштедата на енергија, во рециклирањето и заштеда на водата која се користи во процесот на производството, како и редукција на тежината на пластичната (ПЕТ) амбалажа, со што компанијата значително го намали своето влијание врз животната средина.


Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“