05 Декември, 2025
0.0577

План за инвестиции во милијарди, а трошки од странски вложувања: Приливите од странство „на апарати“

Објавено во: Економија 02 Јуни, 2021 07:22

Добивај вести на Viber

Владата предложи нов таканаречен Интервентен план за инвестиции вреден над 8 милијарди евра до 2027 година. Додека се планираат јавните и приватните инвестиции во планот, а економските аналитичари со различни мислења изразија и сомнеж околу реализацијата - земјава континуирано брои слаби резултати кога странските инвестиции се во прашање. Народната банка ги објави податоците за финансиските приливи по основ на странски капитал во првите три месеци годинава. Вкупниот скор е нето прилив од 25 милиони евра. 

„Во текот на првиот квартал од 2021 година, вкупните директни инвестиции во земјата бележат нето-приливи од 25,7 милиони евра, како резултат на зголемената реинвестирана добивка и сопственички капитал (за 95,5 и 33,9 милиони евра, соодветно), при намален меѓукомпаниски долг за 103,7 милиони евра, велат од НБРМ.

Инаку Македонија ја заврши минатата година со вкупни странски инвестиции од речиси 240 милиони евра. Во четвртиот квартал нето приливите изнесуваа 95,3 милиони евра или значајно повеќе од овие три месеци годинава. Сепак сумата на квартално и на годишно ниво ја билдаа приливите од меѓукомпанискиот долг, односно тоа се приливи на постоечките компании. Минатата гоидна беше пандемиска година, во која поради предизвиците од здравствен аспект настрада и економијата, а реалниот сектор се уште има потреба од фискален стимул за да издржи.  Во вакви околности, сметаат аналитичарите, можеше да се поентира и дел од изгубеното да се компензира со поголеми приливи од странски инвестиции, особено што поради кризата имаше некои поместувања на пазарите и зголемување на атрактивноста на овој регион за западните инвеститори. 

Во 2019 година вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 326,3 милиони евра. Ова е лош резултат ако се споредува со годината пред тоа односно со 2018 година кога имаше своевиден рекод во овој поглед односно во тој период влегоа во земјата странски инвестиции вредни дури 624 милиони евра.

2020 година - 239,8 милиони евра

2019  година  326,3 милиони евра

2018 година   624,49 милиони евра

2017 година  181,73 милиони евра

2016 година  338,43 милиони евра

2015 година  216,72 милиони евра

2014 година   205,14 милиони евра

2013 година   252, 20 милиони евра

Инаку, како што соопшти викендов премиерот Зоран Заев, со Интервентниот план за инвестиции планирани се 5 милијарди и 791 милиони евра како јавни инвестиции додека 2 милијарди и 384 милиони евра се планирани приватни инвестиции. Планирани се 3,144 милијарди ЕУР во секторот енергетика; 2,729 милијарди ЕУР во секторот патна и железничка инфраструктура; 798 милиони евра во преработувачката индустрија; 300 милиони ЕУР во инвестиции за малопродажба; 500 милиони евра инвестиции во јавното здравство; 504 милиони евра во комунална инфраструктура - животна средина и 200 милиони евра во туризмот.

А.Т.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?