29 Септември, 2024
0.2277

ПЛАНОТ НА ВУЧИЌ: Сега кратење, во 2016 година зголемување на платите

Објавено во: Балкан 19 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Српскиот премиер Александар Вучиќ синоќа го објави планот економски мерки со кои Србија на годишно ниво ќе штеди по 700 милиони евра. Планот вклучува и исклучително болна мерка - кратење на платите во јавниот сектор и на пензиите. „Оние со најмали приходи ќе бидат заштитени, овие мерки нема да се однесуваат за нив. Платите на вработените во јавниот сектор нема да се намалуваат кај оние чија заработувачка е помала од 25.000 динари (околу 210 евра), а такви се 113.000 граѓани“, рече Вучиќ во неговото гостување на РТС. Кога станува збор за пензиите, заштитени ќе бидат дури 60,2% од постарите граѓани кои земаат ниски пензии. Така, кратење ќе нема кај оние со пензија до 25.000 динари, додека кај останатите намалувањето ќе биде прогресивно. Најголем удар ќе понесат оние со највисоки плати и пензии, кои ќе мора да издвојат најголем процент од својата заработувачка. Според Вучиќ, точната формула ќе се знае по состанокот со ММФ, а само од плати и пензии земјата годишно треба да заштеди по 400 милиони евра. Со мерките за штедење ќе бидат опфатени и јавните претпријатија, на кои ќе им бидат намалени државните субвенции, а ќе се намалат и субвенциите за земјоделството. Српскиот премиер сепак ги уверува граѓаните дека ваквите мерки ќе бидат привремени и оти мора да се издржат. „Ако успееме со планираните мерки, веднаш на почетокот на 2016 година ќе барам зголемување на пензиите и на платите во образованието, здравството... А ако не успееме, секогаш може да се направи ново мнозинство кое ќе ја води земјата“, рече Вучиќ. Европската банка за обнова и развој предвидува дека годинава Србија ќе влезе во рецесија, со пад на БДП за 0,5%, и тоа најмногу заради катастрофалните поплави кои ја зафатија земјата.  

Можеби ќе ве интересира

„Поројот носеше се пред себе, патиштата уништени“: застрашувачки сцени во Обровац (ВИДЕО)

„Поројот носеше се пред себе, патиштата уништени“: застрашувачки сцени во Обровац (ВИДЕО)

РУСИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ МАСОВНО ДА КУПУВААТ СТАНОВИ ВО СРБИЈА - само годинава вложиле 85 милиони евра во недвижнини

РУСИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ МАСОВНО ДА КУПУВААТ СТАНОВИ ВО СРБИЈА - само годинава вложиле 85 милиони евра во недвижнини

ХОРОР НА КРФ - маж пронајден мртов во сопствената куќа, крвава облека фрлена во корпа за отпадоци, припаѓа на неговата ќерка (11)

ХОРОР НА КРФ - маж пронајден мртов во сопствената куќа, крвава облека фрлена во корпа за отпадоци, припаѓа на неговата ќерка (11)

ПОПЛАВИ ВО ЗАГРЕБ - големо невреме во Хрватска, сообраќајот парализиран, улиците полни вода

ПОПЛАВИ ВО ЗАГРЕБ - големо невреме во Хрватска, сообраќајот парализиран, улиците полни вода

ГОНЗАТО: Тирана станува регионален главен град

ГОНЗАТО: Тирана станува регионален главен град

ШТО ТОА САКА ДА КАЖЕ МИЦОТАКИС? „Постојат нарушувачи, кои не би сакале ништо повеќе од тоа да предизвикаат нови поделби на Балканот

ШТО ТОА САКА ДА КАЖЕ МИЦОТАКИС? „Постојат нарушувачи, кои не би сакале ништо повеќе од тоа да предизвикаат нови поделби на Балканот

СРЕДЕ ТИРАНА ЌЕ „НИКНЕ“ СУВЕРЕНА ДРЖАВА ПОМАЛА ОД ВАТИКАН: Микродржавата на површна од 27 хектари ќе има свои граници, пасоши и администрација

СРЕДЕ ТИРАНА ЌЕ „НИКНЕ“ СУВЕРЕНА ДРЖАВА ПОМАЛА ОД ВАТИКАН: Микродржавата на површна од 27 хектари ќе има свои граници, пасоши и администрација

ВУЧИЌ: Просечната плата во декември во Србија ќе биде 900 евра

ВУЧИЌ: Просечната плата во декември во Србија ќе биде 900 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА: Србите повеќе нема да мораат да купуваат зелен картон

ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА: Србите повеќе нема да мораат да купуваат зелен картон