Платежните агенции на Македонија и Црна Гора ја официјализираа соработката
Објавено во: Агробизнис 12 Февруари, 2019 13:47
Вкупно 638 барања за исплата на 6,3 милиони евра од првиот повик за ИПАРД 2 се пристигнати до денеска во Платежната агенција, додека за 148 барања на сметките на земјоделците и на бизнис заедницата се вратени 1,9 милиони евра свеж капитал.
Како што соопшти директорот Николче Бабовски пред потпишувањето на Меморандумот за соработка со својот црногорски колега Благота Радуловиќ, на вториот ИПАРД 2 повик, за Мерката 3 (Инвестиции за преработка на земјоделски и рибни производи) што заврши на крајот на јануари годинава, се пристигнати 65 барања за 15,9 милиони евра или за три милиони повеќе од предвидените средства.
-Ова е уште еден доказ дека сме на добар пат. Македонија како земја која долго време ја реализира ИПАРД програмата, со последните повици покажа дека има капацитет за успешна имплементација, но и дека има желба да го сподели своето искуство и знаење на земјите од регионот, истакна директорот Бабовски.
Радуловиќ се заблагодари за поддршката, нагласувајќи дека македонското искуство во делот на ИПАРД за Црна Гора е многу важно.
-Потпишувањето на Меморандумот за соработка е добра увертира за натамошното спроведување на ИПАРД и останатите обврски што ги имаме на патот кон ЕУ интергациите. Ова е многу важен момент за нас со оглед дека не очекува сериозна работа и навистина се надевам дека соработката ќе придонесе за јакнење не само на земјоделскиот сектор, туку и на економниите на двете земји со што ќе покажеме заедничка сила за европскиот пазар зашто нашите земјоделски производители и преработувачи тоа го заслужуваат, потенцира директорот на црногорската Агенција.
На прес-конференцијата по повод Меморандумот присуствуваше и министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој дополни дека за мерката „Диверзификација на фарми и развој на бизниси од ИПАРД 2 се одобрени 24 барања од кои за 17 минатата недела веќе се склучија договори со 5,1 милион евра вкупна вредност на инвестициите.
-Најновите информации што ги споделивме денеска во Платежната агенција зборуваат за успешноста на Програмата и мерките, подвлече Николовски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





