Платформа - антикорупција: Одговорноста е клучна и никој не треба да биде изземен од неа

Објавено во: Македонија 21 Март, 2025 11:47
Пожарот во дискотеката во Кочани е уште еден трагичен доказ дека системската корупција одзема животи. Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата потсетува дека оваа несреќа се надоврзува на претходни трагедии како несреќата во Ласкарци, автобуската несреќа со „Беса транс“ и пожарот во модуларната болница во Тетово. Според нив, токму овие случаи покажуваат дека корупцијата во институциите го загрозува јавниот интерес и безбедноста на граѓаните.
Платформата бара темелна, непристрасна и натпартиска истрага за пожарот во Кочани, која ќе биде отчетна и транспарентна. Граѓанските организации нагласуваат дека одговорноста мора да биде приоритет и дека никој не смее да биде изземен од неа, без разлика на политичката припадност, етничката или верската позадина, ниту дали се работи за поранешен или сегашен функционер.
Во соопштението се наведува дека граѓанските организации со години предупредуваат на потребата од суштински реформи што би спречиле вакви трагедии. Наместо тоа, како што посочуваат, на дело постојано се гледа како личното богатење се става пред создавањето на систем во кој правилата и процедурите важат подеднакво за сите.
Платформата изрази длабоко сочувство за жртвите и нивните семејства и упати желби за брзо закрепнување на повредените. Организацијата најави прес-конференција следната недела, на која ќе ги објави своите конкретни барања до надлежните институции и ќе инсистира на нивно спроведување како дел од колективната борба против корупцијата.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Eкс градоначалниците на Кочани, Димитровски и Илијев добија куќен притвор

ДВАЈЦА МАКЕДОНЦИ ЗАГИНАА ВО ИТАЛИЈА: Комбето се судрило со камион

MOJСОСКА ЗА СНИМКАТА КАДЕ РАДОВИШАНЕЦ ТЕПА БРЕМЕНА ЖЕНА: Ова е општество на лудаци на слобода

ПЕТАР ШАПЕ: Ќе поднесам иницијатива МКЦ да го носи името на Андреј Ѓорѓиески-ДНК

(ВИДЕО) СТИПЕНДИЈА ЗА ЈОВАН КОСТАДИНОВ: Mицкоски рече дека тој е светла точка во деновите на темнина

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Двајца поранешни градоначалници пуштени во куќен притвор

ДУИ: Сопственикот на клубот полицијата го однесе без лисици, а Бектеши со лисици
