Платите на Косово за 10 години пораснаа само 140 евра, во јавниот сектор се далеку поголеми од приватниот
Објавено во: Економија 04 Јули, 2023
Според податоците на Агенцијата за статистика на Косово (АСК), просечната бруто плата во земјата, за десет години, е зголемена за само 138 евра. Од 383 евра во 2012 година, таа стана 521 евро во 2022 година.
Според економските активности, највисоки плати во Косово се во енергетскиот сектор, каде што достигнуваат близу 970 евра, потоа во секторот за информации и комуникации, каде што се близу 900 евра.
Најниска плата, во износ од 323 евра, е за сместување и сервисни дејности со храна. Економските експерти велат дека ниското ниво на раст на просечната плата во Косово е последица на бавниот економски развој во текот на една деценија. Во последните десет години просечниот економски раст на Косово е од 4 до 5 проценти.
Последните податоци на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) покажуваат дека во 2023 година Косово ќе има економски раст од 3,5 отсто, додека во 2024 година ќе порасне за 4 отсто.
Професорот по макроекономија и животна средина во бизнисот на Универзитетот во Приштина, Нагип Скендери, вели дека во Косово немало преструктуирање на економијата, што според него би овозможило поголем развој.
„Ние, како економија на Косово, повеќе сме фокусирани на услужниот сектор отколку на производството, а тоа доведе до ниски плати. Секаде услугите се плаќаат помалку од производствените услуги“, вели Скендери за Радио Слободна Европа.
Берим Рамосај, предавач по економски предмети на Универзитетот во Приштина, за Радио Слободна Европа вели дека продуктивноста на работата во Косово е ниска, особено во јавниот сектор, па платите, според него, се солидни.
„Значи, всушност, колку и да ни се чини дека платата во јавниот сектор е ниска, мислам дека е доста висока, со оглед на ниското ниво на продуктивност на трудот“, вели Рамосај.
Над 80 илјади вработени во јавниот сектор во Косово земаат просечна бруто плата од 604 евра, додека просечната бруто плата во приватниот сектор е 473 евра.
Во последните десет години граѓаните на Косово се соочија со пораст на цените при потрошувачката – што се одрази на нивниот животен стандард. Ако се спореди 2012 година со 2022 година, просечната стапка на инфлација е за 9,1 отсто повисока.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.