ПЛАТИТЕ НА НАШИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ЗОНИТЕ СЕ ПОНИСКИ ОД ПРОСЕЧНИТЕ - Деспотовски вели, работиме со компаниите за нивно зголемување
Објавено во: Економија 18 Декември, 2020
Новиот директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, ТИРЗ, Јован Деспотовски, денеска откри многу интересен податок, а тој е дека плтите на нашите работници кои работат во зоните се пониски од просечните плати на ниво на држава, а исто така и побавно растат во однос на просечните нето плати на другите граѓани во државава.
Дирекцијата се уште нема податоци за 2020 година, но има бројки за платите лани, во 2019 година.
Тие говорат дека ако на ниво на држава лани просечната нето плата била 25.214 денари, онаа во зоните изнесувала 23.450 денари.
Или, во 2018 година просечните нето плати на ниво на држава биле повисоки од оние на работниците во зоните за 6,2 отсто, додека, пак, платите во 2019 година просечно во земјава биле поголеми од оние во зоните за 5,4 проценти.
„Или, додјдовме до заклучок дека околу 14.000 наши сограѓани кои работат во зоните уживаат пониска просечна плата од останатите граѓани“, рече Јован Деспотовски на денешната прес конферемција.
Помал раст има и кај бруто платите.
Тој откри дека нашите власти веќе разговараат со странските инвеститори во зоните за тоа како да дојде до зголемување на платите на нашите работници во слободните зони.
„Не сакаме тоа да биде никаква форма на притисок, туку преку една соработка, и преку зголемување на продуктивноста, да очекуваме да се зголемат платите и на овие вработени“, рече Деспотовски, додавајќи дека би можело во рамките на договорите со компаниите што работат во зоните да има нивно ревидирање, со цел да се зголемат платите на овие вработени.
А инаку, на компаниите во овие зони им оди добро, така што во 2018 профитабилни биле дури 71 отсто од компаниите. Слично е и во 2019 годин. Ова не е оперативна загуба, туку можеби проширување на инвестициите.
Растат и нивните приходи, за 8,3 отсто во 2019 година во однос на 2018.
Инаку, факт е дека кризата се рефлектира и врз работењето на зоните, но, како што нагласи Деспотовски, кај нив извозот се намалува многу помалку во однос на пдот на вкупниот извоз во земјава.
Или, ако заклучно со ноември годинава вкупниот извоз на земјава во однос на истиот период 2018 се нмалил за 13 отсто, падот на извозот од ТИРЗ изнесува 9,4 проценти.
„Тоа значи дека иако кризата се рефлектирала врз работењето на зоните, состојбата е далеку од некои шпекулации што се појавија во јавноста, зачи трендовите не се толку неповолни“, рече Деспотовски.
Инаку, извозот од зоните во земјава учествув со околу 45 отсто од вкупниот извоз, што значи дека тие имаат многу сериозно учество, или, како што рече Деспотовски „станува збор за еден вид економија во економија“.
Сепак, државата има интерес од доаѓање на странските инвеститори во зоните. Тие на име даноци и придонеси 2018 платиле 22,6 милиони евра и 28,5 милиони евра во 2019 година.
Или 2019 година разликата меѓу државната помош дадена на странските инвеститори и нивните уплати во буџетот била 10 милиони евра, што е двојно зголемување во однос на 2018.
„Значи, ние сме во корист од инвеститорите, но за тоа да се зголемува ќе им и промени, не само во политиките на привлекување и во однос на профилирање на инвеститорите, а сите сугестии ќе бидат добредојдени“, рече Деспотовски.
Тој рече дека меѓу државните институции нема доволна соработка меѓу институциите што се занимаваат со странски инвестиции, и тоа ќе мора да се промени.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.