01 Јули, 2024
0.0231

ПЛАТИТЕ РАСТАТ САМО НОМИНАЛНО - Дали просекот е реален приказ за приходите на граѓаните?!

Објавено во: Финансии 21 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Последните податоци кои ги објави Државниот завод за статистика покажуваат нов раст на просечната исплатена нето плата за месец април. Бројките велат дека просекот надминува 36 илјади денари, а претходниот месец за малку не достигна 35 илјади денари.

Но, иако бројката официјално е зголемена, граѓаните се жалат дека платите не им се зголемуваат, а дополнително поради инфлацијата одвај врзуваат крај со крај. Економисите пак, потенцираат дека официјалните бројки не се доволни, и дека наспроти растот на просекот, факт е дека се намалува вредноста на платите.

-  Не е сосема точно да се каже дека просечната плата расте. Расте номиналната просечна плата, но реалната просечна плата – паѓа. Оваа разлика помеѓу номиналната и реалната плата мора редовно да се комуницира од медиумите до граѓаните, но за жал, иако Заводот застатистика редовно објавува податоци и за движењето на реалната просечна плата, тоа речиси никој од медиумите не го прави. И известуваат само за промените на номиналната просечна плата. Па така, додека номиналната просечна плата во последната година се зголемила за цели 13 отсто, реалната просечна плата се намали, наместо да се зголеми, за минус 1,7 проценти – укажува економистот Здравко Савески.

Савески за „Фактор“ појаснува дека втората одговорност на медиумите при известувањето за движењето на просечната плата, а со оглед што многумина наши сограѓани ја мешаат просечната со средната плата, е при известувањето да се наведе и дефиницијата на просечната плата. Односно да се потенцира дека просечната плата е просек од сите плати што сеисплатени, а не точка на пресек под која се 50 отсто од вработените и над која се другите 50 проценти од вработените.

- Фактички, над 85 отсто од вработените земаат плати под износот на просечната плата, а над неа земаат помалку од 10 проценти од вработените, заедно со работодавачите. Номиналниот пораст на минималната плата не е главниот фактор што го зголемува номиналниот пораст на просечната плата. 

Најдобар показател е што минималната плата беше замрзната 12 месеци, а во текот на тие 12 месеци просечната плата се зголемуваше.  Ако на едната страна од просекот ги имате платите на само 10 отсто од вработените и работодавачите, а на другата страна платите на дури 85 проценти од вработените, тогаш самите овие бројки кажуваат дека порастот кај платите на привилегираните 10 отсто силно го влече просекот на платите нагоре – појаснува Савески.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

ММФ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО САД: Проблеми и се закануваат на глобалната економија

ММФ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО САД: Проблеми и се закануваат на глобалната економија

СЕГА СЕ НАВИСТИНА „ГОЛЕМИ“: Амазон за прв пат ја надмина вредноста, им се придружи на „Мајкрософт“, Нвидиа“, „Алфабет“...

СЕГА СЕ НАВИСТИНА „ГОЛЕМИ“: Амазон за прв пат ја надмина вредноста, им се придружи на „Мајкрософт“, Нвидиа“, „Алфабет“...

ЗА БЕРБА НА ЦРЕШИ ВО ОХРИДСКО, ДНЕВНИЦА ОД 2.500 ДЕНАРИ: Еве ги деталите

ЗА БЕРБА НА ЦРЕШИ ВО ОХРИДСКО, ДНЕВНИЦА ОД 2.500 ДЕНАРИ: Еве ги деталите

РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ФУДБАЛЕР ДА БИДАМ: Еве колу пари ќе земат репрезентациите на Европското првенство во фудбал

РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ФУДБАЛЕР ДА БИДАМ: Еве колу пари ќе земат репрезентациите на Европското првенство во фудбал

ЛОШИ ВЕСТИ ПРЕД ОДМОРИТЕ: Авиобилетите ширум светот поскапуваат, еве ја пресметката на Луфтханза, со неа летаат и многу Македонци

ЛОШИ ВЕСТИ ПРЕД ОДМОРИТЕ: Авиобилетите ширум светот поскапуваат, еве ја пресметката на Луфтханза, со неа летаат и многу Македонци

ШТО ЗНАЧИ ВОВЕДУВАЊЕТО НА ДИГИТАЛНО ЕВРО? Европската банка ги објави деталите

ШТО ЗНАЧИ ВОВЕДУВАЊЕТО НА ДИГИТАЛНО ЕВРО? Европската банка ги објави деталите

ЕВЕ КОИ СЕ НАЈСЛАБО ПЛАТЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА: дел од секторите редовно кубурат со кадар

ЕВЕ КОИ СЕ НАЈСЛАБО ПЛАТЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА: дел од секторите редовно кубурат со кадар

МЕСЕЧНО ЗАРАБОТУВААТ ДО 3.000 ЕВРА! Регионот ги бара овие работници, платите вртоглаво растат

МЕСЕЧНО ЗАРАБОТУВААТ ДО 3.000 ЕВРА! Регионот ги бара овие работници, платите вртоглаво растат

КРАТКО АМА СЛАТКО: Мајкрософт повторно е највредната компанија во светот

КРАТКО АМА СЛАТКО: Мајкрософт повторно е највредната компанија во светот