ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА РИПНА НАД 36 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ: Еве во кои сектори има најголем раст
Објавено во: Финансии 20 Јуни, 2023
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2023 година, изнесува 36.134 денари, соопшти Државниот завод за статистика. Од ДЗС посочуваат дека индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2023 година, во однос на април 2022 година, изнесува 114.6.
Претходно, поточно во март 2023 година просечната нето плата според податиците на ДЗС изнесувала 34.925 денари.
Зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (28,1 отсто), Административни и помошни услужни дејности (21,7 проценти) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17,8 отсто).
- Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14,7 отсто), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (13,2 проценти) и Административни и помошни услужни дејности (12,5 отсто) - соопштуваат од заводот.
ДЗС исто така објави дека просечната бруто-плата за истиот месец е 54.177 денари.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.