05 Декември, 2025
0.0408

Плажите полни – по кавгата, старите пријатели се смирија!

Објавено во: Анализа 13 Јули, 2014 08:00

Добивај вести на Viber

Грција повторно е омилена дестинација за германските туристи, чиј резервации се зголемија од 10 до 30 отсто ова лето во споредба со минатата година, сметаат големите германски туроператори. Германците се враќаат во старата нивна омилена Грција, вели претставник на DER Touristik. Според него некои грчки дестинации оваа година регистрирале сензационален раст во однос на резервациите. Индикативно било тоа што зголемувањето на туристичките пакети за Крит на предметниот германски тур-оператор надминале 50 отсто, а за островот Родос - 30 проценти. Во двоцифрени стапки се движел и растот на пакетите на конзорциумот Thomas Cook. Грција е на трето место по Шпанија и Турција во изборот на клиентите на германскиот туроператор TUI, но се смета за број еден дестинација во однос на трендовите ова лето, вели негова претставничка. Според неа за прв пат оваа година компанијата ќе испрати во Грција над 400 000 туристи. К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени