ПЛИВААТ ВО ПАРИ: Ова се 10-те најбогати градови во светот
Објавено во: Финансии 26 Февруари, 2018 18:19
Студија на истражувачката куќа New World Wealth покажа дека Лондон е единствениот град oд Европа на листата со десет најбогати градови во светот. При создавањето на листата в предвид е земено богатството на населението, пишува „Индипендент“.
Утврдено е дека приватното богатство кај десетте најбогати градови се движи меѓу милијарда и три милијарди долари.
Во продолжение ова е ранг-листата на десетте најбогати градови во светот:
1. Њујорк, САД (3 милијарди долари)
2. Лондон, Велика Британија (2,7 милијарди долари)
3. Токио, Јапонија (2,5 милијарди долари)
4. Силиконската долина, САД (2,3 милијарди долари)
5. Пекинг, Кина (2,2 милијарди долари)
6. Шангај, Кина (2,1 милијарди долари)
7. Лос Анџелес, САД (1,4 милијарда долари)
8. Хонг Конг (1,3 милијарда долари)
9. Сиднеј, Австралија (1 милијарда долари)
10. Сингапур (1 милијарда долари)
Сепак, резултатите од листата треба да се земаат со претпазливост затоа што тоа не значи дека сите жители на овие градови се богаташи. Во Лондон постои огромен јаз меѓу најбогатите и најсиромашните жители.
„Добро е познато дека економската нееднаквост во Обединетото Кралство е голема во споредба со другите напредни економии“- вели истражувачот Абигејл Мекнајт.
Компанијата „Евромонитор интернешнл“ утврдила дека слична е ситуација и во Лос Анџелес и Њујорк, каде што има највисоки нивоа на нееднаквост во приходите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





