05 Декември, 2025
0.0355

ПЛОДЕН СЕПТЕМВРИ, ЈАКА ГОДИНА: Што ги поскапе акциите на Комерцијална банка?

Објавено во: Економија 30 Септември, 2021 07:32

Добивај вести на Viber

Вкупно 4.680 акции издадени од Комерцијална банка во неколку блок трансакции се продадоа месецов што поминува. Вредност на акциите истргувани во тие блокови надминува 45 милиони денари или 740 илјади евра. Акцијата на банката во континуитет е една од најтргуваните и тоа не е изненадување со оглед на резултатите од работењето. Расте и цената на акцијата.

Анализа на сите блок трансакции во септември покажува дека во најголем дел прометот од блок трансакциите го билдаат токму трансакциите со акции на оваа банка.

Во последните десет дена од месецот практично се направени дестина блок трансакции со акции од банката. Прометот не е мал и на дневно ниво, а само вчера истргувани се акции вредни 127 илјади евра. Ова сепак не е повеќе од месеците пред поделбата на дивиденда односно летните месеци кога имаше поголемо размрдување, па на 15 јули на пример во еден ден беа истргувани акции на банката вредни половина милион евра. Но ако тогаш цената на акцијата во просек беше 9,190 денари за акција, вчера на пазарот една акција во просек вредеше над 10.200 денари. Над 10.000 денари е цената на акцијата и во блок транскациите кои се реализирани во септември.

Споредено со крајот на минатата година цената на акцијата на Комерцијална банка пораснала за 40 отсто, додека споредено со истиот период лани просечната цена на оваа акција сега е за околу 50 отсто повисока.

Во првото полугодие годинава најголемата банка во земјава, Комерцијална банка, има профит од 13,5 милиони евра.

Активата на Комерцијална банка на крајот на јуни годинава достигнала 2,28 милијарди евра. Според бројките банката го задржаа приматот на најсилна банкарска институција од земјава. За само еден квартал активата на Комерцијална банка се зголемила за 68 милиони евра, зборуваат бројките, откако на крајот на март нејзината актива била на ниво од 2,212 милијарди евра.

А.Т.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен