По 45 години ќе се реконструира железничката пруга од Ногаевци до Неготино
Објавено во: Македонија 17 Јули, 2013 13:34
Реконструкцијата на железничката пруга од Ногаевци до Неготино која е дел од Коридорот 10, треба да заврши за една година. Со тоа ќе се заокружи санирањето на 28-те црни точки на железничките пруги низ државата каде возовите мораат да се движат со намалена брзина поради старите и дотраени пруги. Зошто последниот ремонт на делницата Ногаевци - Неготино е извршен во 1968 година, односно пред 45 години.
Градежните работи на оваа делница ќе ги извршува бугарската компанија ЦК-13 Холдинг ЈСЦ, која денеска во Скопје го потпиша Договорот со Македонски железници - Инфраструктура. Планирано е за една година да заврши рехабилитацијата на оваа делница во должина од 31 километар за што се обезбедени средства во висина од 9,5 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Со ремонтот се предвидува да се изврши комплетна замена на дотраените дрвени прагови со армирани бетонски, комплетна замена на постоечките шини со нови стандард 60 кои за првпат ќе се применат на пругите во Македонија, како и реконструкција на пероните на стојалиштата Ногаевци, Стоби и Црвени Брегови и на станиците Градско, Кукуричани и Криволак. Бугарската компанија треба во рок од 90 дена да изврши пренесување на опремата до градилиштата и да изврши набавка на потребните материјали. Со реконструкцијата се очекува зголемување на безбедноста во железничкиот сообраќај и зголемување на брзината од 100 до 120 километри на час со која ќе се движат возовите.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





