08 Октомври, 2024
0.0351

ПО БАРАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ: Еден час паркинг кај „Дом на Градежници“ ќе чини 250 денари

Објавено во: Македонија 01 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Од 9 август 250 денари за час ќе чини паркирањето на затвореното паркиралиште „Дом на Градежници“. 

Ова денеска го соопштија од Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје од каде информираа за промените и начинот на организирање и наплата на споменатото паркиралиште, со цел да се реши проблемот со паркирањето на ова паркиралиште и да им се овозможи на жителите полесен и побезбеден пристап до нивните живеалишта.

Овие промени доаѓаат по барање на жителите на Градски Ѕид кои со петиција наведоа предлог итни мерки за решавање на проблемот со паркирањето со кој секојдневно се соочуваат.

Покрај цената прифатени мерки се и редуцирање на бројот на часови на гостинската карта (м-карта) на 2 часа, по 17:00 часот неограничено, воведување на 

 систем за препознавање на регистарски таблички и ќе се отстранат постоечките картички а ќе се ограничи пристапот на комбињата за дотур на роба, односно ќе им се овозможи бесплатен пристап од 05:00 до 07:00 часот, во спротивно ќе ја плаќаат редовната цена за паркинг за 1 час.

„Жителите доставија до нас петиција со разумни мерки, ние ја разгледавме и ја усвоивме таа петиција. Веруваме дека овие мерки значително ќе помогнат во решавање на проблемот со паркирањето, ќе придонесат да се воведе поголем степен на контрола и ред во паркирањето и ќе им овозможат на жителите полесен и побезбеден пристап до нивните домови“, изјави директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски.

Одлуката за усвојување на Петицијата за решавање на проблемот со паркирањето на паркиралиштето „Дом на градежници“, донесена од Управниот одбор на ЈП Паркинзи на Општина Центар, беше изгласана на последната седница на Советот на Општина Центар.


Фото: ПОЦ

Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

ВЕЛИ ДЕКА ЦЕЛ СВЕТ ЌЕ ЗАНЕМЕ: Боки 13 го најави филмот „Рекет“

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

УЖАС ВО ТЕТОВСКО: Сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, повреден и малолетниот син

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

МИТЕВА ЗА ПОЗИЦИЈАТА ПОРТПАРОЛ ВО ВЛАДАТА: Ќе ми овозможи дополнително да им служам на граѓаните и на нашата држава

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ПРОМЕНИ ВО СТРУКТУРИТЕ НА СДСМ: Исјановски можен кандидат за градоначалник на Карпош

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл