05 Декември, 2025
0.1832

По блокадите на сметките на Железница, вработените ќе останат без плата, патниците без возови!

Објавено во: Економија 14 Јануари, 2013 15:36

Добивај вести на Viber

Железничкиот сообраќај е под закана од целосен прекин доколку Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор итно не ја деблокира сметката на МЖ Инфраструктура, предупредија вчера од независниот синдикат на железница. Сметката е блокирана поради камата за ненавремено плаќање на долг од 2011 година, во вредност од околу два милиони денари. Првиот човек на МЖ Инфраструктура, Ирфан Асани, вели дека блокирањето на сметката е неосновано. - Ние со агенцијата се договоривме парите за  тековно одржување да ги плаќање сукцесивно.  За жал добивме едно извршено решение кое е нерелано затоа што се работи за некој измислен долг за некои камати за ненавремено плаќање на долг од 2011 година. Но ние  не можеме да прифатиме таков начин на присилно земање на пари, бидејќи не се работи за долг оти ние плаќаме постепено. Агенцијата треба да ги регулира и да овозможува исти права за сите оператори кои користат услуги на инфраструктура, но  во Македонија со промените на Законот за железнички систем, немаме либерализација на пазарот, односно  има само еден оператор, и оттука произлегува дека сега улогата на агенцијата е неважна, изјави Асани. Се јави и синдикатот на железницата. - Загрозена ни е следната плата и сините картони. Бараме веднаш да се одблокираат сметките, најдоцна до денес, во спротивно ако не го сторат тоа ние ќе блокираме. Тоа значи дека нема да има железнички сообраќај. За нас е нејасно како може четворица луѓе кои таму работат и земаат по 1.000 евра плата, а ние ги плаќаме, да ни ја блокираат сметката. На овој начин е блокирано целото тековно работење на претпријатието - вели Марјан Ристевски,од независнниот синдикат на МЖ Инфраструктура Освен на МЖ Инфраструктура, требаше да биде блокирана сметката и на МЖ Транспорт, но од таму велат дека постигнале договор со агенцијата поради што заканата за блокада на сметката не се остварила. Фактор утринава објави дека железничкиот сектор ќе се најде во дополнителни проблеми со најавата за блокада на сметките на железничките претпријатија. Од Агенцијата за регулирање на железничкиот сообраќај велат дека само постапуваат по закон.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?