По Брегзит што ќе се случи со светскиот економски раст?
Објавено во: Економија 20 Јули, 2016 11:23
Намалена е прогнозата зa светскиот економски раст, по одлуката на Британците за напуштање на европската заедница.
Ваквата прогноза ја даде Меѓународниот монетарен фонд. Се предвидува дека светската економија ќе порасне за 3,1% во 2016 година и за 3,4% во 2017 година. Тоа е за 0,1 процентен поен помалку од предвидувањата во април и покажува „вознемирувачка стагнација“ во однос на 2015 година. ММФ го намали предвидувањето на британскиот економски раст за 2016 година за 0,2 процентни поени, на 1,7%, а за 2017 година го намали за 0,9 процентни поени, на 1,3%. Сепак, ММФ не предвидува рецесија за Велика Британија.
Ситуацијата дополнително би можела да се влоши ако Лондон и неговите европски партнери не постигнат договор и не избегнат значително зголемување на фискалните и царинските тарифи.
Во такви околности голем дел од лондонскиот финансиски центар би бил премесен на друго место во Европа. Во тој случај падот на потрошувачката и инвестициите поголем од предвиденото би довел до рецесија во државата. Ако се оствари ваквото црно сценарио, светскиот раст би можел да забави на 2,8% оваа година, а еврозоната би била изложена на остри тензии од банкарскиот сектор, пишува во извештајот на ММФ.Светската економија е исправена пред глобални предизвици со бегалската криза во Европа, климатските промени, пандемиите и намалената цена на нафтата, оценија од Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка на пролетниот состанок во Вашингтон.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




