По цели 20 години Русија го обновува производството на „Москвич“
Објавено во: Свет 23 Ноември, 2022
По дваесет години, Русија во поранешните погони на „Renault“ го обновува производството на „Москвич“.
Руското министерство за индустрија и трговија ја соопшти информацијата.
Во март годинава „Renault“ објави дека поради западните санкции во врска со руската инвазија во Украина се повлекува од Русија и го продаде мнозинскиот удел на рускиот производител на автомобили „Автоваз“, како што беше објавено за една рубља, со можност за откуп во рок од шест години.
Француската компанија потоа во мај го предаде и управувањето со фабриката на градските власти која сега се вика „Московска фабрика за автомобили Москвич“, исто така за една рубља.
Целта е да се произведуваат 100.000 „москвичи“ годишно, вклучително и нивните електрични верзии.