По четири месеци, замре тендерот на АД ЕСМ за помошна механизација од 19 милиони евра
Објавено во: Економија 27 Април, 2020 07:00
Иако огласот од 19 милиони евра за купување на нова механизација
за РЕК Битола за ископ на јаглен, беше објавен од АД ЕСМ уште во декември
минатата година, и натаму се уште нема тенедерска разрешница. На крајот на јануари Електрани
на Северна Македонија ги објави операторите кои конкурираат на тендерот за
јавна набавка на механизација за потребите на РЕК Битола, по отворањето
на понудите на
тендерот за јавна набавка. По отворањето на понудите, следуваше нивно
„скенирање“ дали ги исполнуваат пропишаните услови, а потоа требаше да се
одбере најдобрата понуда.
Од тогаш се поминати три месеци. Она што ни го одговорија од АД ЕСМ уште пред два месеци е дека станува збор за жалба на економски оператор што ја кочи постапката. Економскиот оператор не учествувал на тендерот но сепак поднел жалба до Државната комисија за жалби по јавни набавки. „Фактор“ упати прашање до таму, а пред еден месец од комисијата ни беше одговорено дека не смеат да го соопштат името на операторот, односно неговото име ќе биде познато кога ќе биде донесена одлуката по жалбата. До тогаш не смееле да изнесуваат информации за предметната жалба додека трае постапката. Одлука по жалбата се уште нема, а последните кои комисијата за жалби по јавни набавки ги има објавено се од средината на месецов. Според она што го проверуваше „Фактор“, се уште нема одлука за оваа јавна набавка на Електрани на Македонија.
Оваа предизборна одлука од програмата „План за живот во Македонија“ требаше да заштети многу пари за Електрани на Македонија и за земјата ако се знае дека во последните 10 години за ангажирање на помошна механизација од надворешни фирми, РЕК Битола има платено околу 100 милиони евра, што претставуваат многу пари. И покрај предизборните ветувања на власта, продолжува скапата пракса приватници да копаат јаглен за РЕК Битола, а во меѓувреме имаше неуспешни обиди за купување на нови машини и наместо тоа, продолжи старата пракса на претходната Влада.
Со тендерот требаше да се набават вкупно 47 машини за потребите на рудниците со јаглен и да ја чинат државната компанија за производство на струја 19 милиони евра, откако во меѓувреме се создадоа законски можности и квалитетот, а не само најниската цена да биде критериум, што инаку претходно беше аргумент да не се купува оваа помошна механизација. Јавната набавка доцнеше поради анализите и измената на Законот за јавни набавки. Објавената јавна постапка е само прва фаза од процесот на осамостојување на РЕК Битола за целосно самостоен ископ на јаглен, а ќе следуваат уште две фази.
Оваа набавка, наспроти корона кризата, треба да се смета за продуктивен расход, затоа што долгорочно ќе ги намали трошоците за ископ на јаглен како основен извор на енергија од кој Македонија добива струја.
А.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





