ПО ЕКСТРЕМНОТО ПОСКАПУВАЊЕ НА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИ ВО СРБИЈА - Ќе има корекција на цената!
Објавено во: Балкан 01 Април, 2023 20:03
Пазарот на недвижности доживеа вистински бум за време на постпандемискиот период, а особено од почетокот на украинската криза.
Цените на енергијата, зголемената инфлација, а со тоа и каматните стапки, ги подигнаа вредностите на недвижностите на рекордни нивоа низ целиот свет.
Екстремниот раст на цените на недвижнините кај соседите честопати беа тема на дискусии во медиумите и на социјалните мрежи. Што може да се очекува сега зборува Даворка Тасиќ, експерт за недвижнини.
- И не само тоа. Дури и кириите беа нереално високи, толку многу што доаѓавме во ситуација станоиздавачите, по цена што воопшто не можат да ја платат киријата, сепак ја зголемуваа киријата за неколку стотици евра.
Во моментов сме во ситуација кога пазарот стагнира, па се смири и сигурена сум дека тие цени од декември кои беа нереални, испаднаа бесмислени. Малку се смирија купувачите и имаме станоиздавачи кои полека ја коригираат цената за да го продадат станот. Ќе има пад на цените, ако не и драстично, барем малку смирување. Имаме тенденција дека навистина ќе мора да има надолна корекција на цената. Пред се затоа што се намалува бројот на луѓе кои станбениот проблем го решаваат со кредит - укажува Тасиќ.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




