16 Јануари, 2025
0.0317

По електронски пат ќе се врши распределба на квотите за испраќање градежни работници во други држави

Објавено во: Економија 17 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Распределбата на квотите за испраќање работници во други држави за изведување градежни работи отсега ќе се врши по електронски пат, објави денеска министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Во Министерството за труд и социјална политика е изработен посебен софтвер за оваа намена, а на денот на распределбата покрај членовите на Комисијата, ќе учествуваат и претставници од трговските друштва кои аплицирале на јавниот повик.

Повикот ќе биде објавен утре во печатените медиуми и на интернет-страницата на МТСП, а рокот за аплицирање е осум работни дена, заклучно со 30-ти овој месец. Јавната распределба на квотите ќе се изврши на 5 јуни.

Според министерот Ристовски, со електронската распределба на квотите ќе се обезбеди поголема објективност и правилна распределба.

- Со воведувањето на новиот електронски начин на распределба на квотата ќе се овозможи поголема транспарентност при распределбата, а од друга страна со донесеното законско решение се овозможува поголема заштита на работниците. Истовремено на овој начин се обезбедуваат целосно регулирани услови на македонските трговски друштва со цел да се придонесе за нивна конкурентност и на странските пазари, истакна Ристовски.

Тој појасни дека при распределбата на квотата предвид ќе се земат вкупниот број вработени работници во трговското друштво на неопределено време, референците на друштвото во земјата и странство и степенот на искористеност на претходно добиеното право за испраќање работници на работа во странство.

На трговските друштва кои првпат ќе аплицираат ќе може да им се определи до 20 проценти од вкупното право на определената квота, за тековната година. Законот нуди можност две или повеќе трговски друштва да го соединат добиеното право за испраќање работници, заради заеднички настап на пазарот во странство.

Трговските друштва се должни добиеното право на упатување работници да го искористат најдоцна во рок од 60 дена по добивањето на одлуката.

Законот за упатување работници од Република Македонија во други држави за изведување градежни работи беше донесен од страна на Собранието на 26 декември 2012 година. Со донесувањето на Законот се изврши уредување на условите, критериумите и начинот на испраќање работници во државите со кои Македонија има склучено спогодба односно билатерален договор за оваа намена.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја