05 Декември, 2025
0.0588

По итна постапка задолжување од 50 милиони евра за патиштата

Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2013 13:38

Добивај вести на Viber

На собраниската седница денеска Министерот Миле Јанакиески побара по скратена постапка да се гласа за законот за задолжување на Јавното претпријатие за државни патишта кај Европската банка за обнова и развој во износ од 50 милиони евра, пари потребни за  подобрување на квалитетот на патната инфраструктура во Република Македонија.  Овој закон еднаш веќе беше донесен, но како задолжување на државата, а сега мора да се донесе закон со кој заемопримач всушност ќе биде Јавното претпријатие. Бордот на Директори на ЕБОР е закажан за 19.02.2013 година кога се очекува банката и официјално да го прифати ЈП за државни патишта како иден заемопримач наместо Република Македонија како досегашен заемопримач, па оттаму се оправдува итноста на постапката. По усвојувањето на Законот за гаранција од страна на Собранието на Република Македонија и неговото објавување во Службен Весник на Република Македонија, предвидено е склучување на: •Договор за гаранција, кој ќе се склучи меѓу Република Македонија претставувана од Министерството за финансии и ЕБОР, и •Договор за заем, кој ќе се склучи меѓу ЈП за државни патишта и ЕБОР. Имајќи предвид дека со овој закон, Република Македонија ќе ги гарантира обврските на ЈП за државни патишта по Договорот за заем за Проектот за подобрување на постоечката регионална и општинска патна мрежа, потребно е да престане важењето на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем по Проектот за подобрување на постоечката регионална и општинска патна мрежа, објавен во Службен весник на РМ бр.5 од 13.01.2009 година, стои во образложението на законот. Заемот ќе биде доделен на ЈП за државни патишта под следните услови: Рокот за отплата е 11 години и варијабилна каматната стапка и тоа шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за 0,50%. На износот на неповлечените средства од заемот ЈП за државни патишта ќе плаќа провизија на ЕБОР во износ од 0,25% од износот на заемот на годишно ниво.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип