По квалитет на услуги „Александар Велики“ најдобар аеродром во Европа
Објавено во: Економија 13 Март, 2013 12:22
Наградата за најдобар аеродром во Европа ја доби Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје во категоријата до два милиони патници годишно што ја доделува Меѓународниот аеродромски совет за 2012 година. Признанието се доделува врз основа на одговори на патниците во формуларите за испитување на квалитетот за аеродромските услуги.
Главниот оперативен директор на Холдингот „ТАВ аеродроми“ Мурат Орнекол денеска на прес-конференција истакна дека нивната компанија е почестена од оваа престижна награда за Скопскиот аеродром, кој што, како што рече, беше одново изграден и почна да дава услуги за многу кратко време, што се заснова на нивното знаење и искуство.
Меѓународниот аеродромски совет ја додели наградата на „Александар Велики“ во конкуренција на 275 аеродроми. Следна цел за годинава, според Орнекол е бројот на патници преку Скопскиот аеродром „Александар Велики“ да достигне милион. На крајот на минатата година преку аеродмромот во Скопје се превезени 906.871 патник.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




