ПО МАСАКРОТ НА КОСТА НИКОГАШ НЕМА ДА БИДЕ ИСТО: Над 100 деца на терапија поради траума - имаат кошмари од страшните сцени!
Објавено во: Балкан 25 Ноември, 2023
Коста Кецмановиќ, ученик во ОУ „Владислав Рибникар“ на 3 мај годинава изврши страшен масакр кога со оружје влегол во оваа образовна институција и почнал да пука. Го убил училишниот чувар Драган Влаховиќ, како и девет ученици, по што бил приведен во училишниот двор.
Тоа кобно утро во училиштето беа присутни деца од различна возраст. Првото нешто што се слушна е пукање од оган, за кое учениците на почетокот мислеа дека се петарди.
Крвавата гозба на Коста продолжи во канцеларијата за историја каде што неговиот клас VII/2 имаше час. Ја застрелал наставничката по историја, а потоа отворил оган врз соучениците. Најпрвин уби пет ученици, а рани уште шестмина.
- Коста пукаше со неверојатна брзина, па на почетокот никој не ни помисли дека се работи за истрели. Учениците кои биле во нивните училници, додека не слушнале вресок низ училиштето, мислеле дека некој наредил петарди и ги запалил - објаснува соговорникот упатен во истрагата.
За жал, набрзо на сите им беше јасно што се случило. Токму поради оваа причина, според нашиот соговорник, над 100 деца доживеале траума.
- Во училницата на смртта, како и во ходникот можеше да се видат сцени како во некои од најлошите хорор филмови, на кои никој не можеше да остане рамнодушен, а камоли малите деца. Освен што ги слушнале истрелите, некои од учениците виделе и безживотни тела што уште повеќе ги вознемирило и едвај чекале да излезат од образовната институција и да ги прегрнат родителите. Многумина од нив по настанот се соочиле со сериозни емотивни проблеми, поради што ноќе имаат кошмари и сонуваат трауматски сцени - нагласил изворот од истрагата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.