29 Септември, 2024
0.0257

ПО МЕРКЕЛ И НУЛАНД: Зошто Македонија се враќа во диоптријата на големите сили?

Објавено во: Анализа 16 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Дали Македонија се враќа во диоптријата на Вашингтон и Берлин? Какви ефекти би се очекувале од ненадејната  комбинација на шатл-дипломатија или сетот од јавно-тајни притисоци врз Скопје и Атина за да се стабилизира  Западен Балкан и пред се најкревката зона во која е и Македонија? Дилеми или логични реакции - по серијата изјави на одговорни дипломати и моќни лидери од САД и Германија, во последните 24 часови. И покрај резервите кај дел од домашната јавност околу  од Стејт Департментот, приклучувањето на моќната Канцеларка, која веќе “размислувала и со решенија за спорот околу името”, како да е посакуван тек. Вклучување на трета страна во спорот И домашната експертско-политичка јавност  деновиве упорно инсистира на посилна медијација на центрите на моќта, со вклучување на трета страна. Од Дубровник и пред августовскиот репринт на нејзината средба во Берлин, со врвните политичари од регионот, Меркел со недвосмислена реторика – најдобар компромис е кога сите ќе бидат незадоволни од решенијата, но ќе ги прифатат. Германија има долго искуство во преговори, партнерство или неисполнување  на одредени обврски   во односите со Грција  и претпоставивам дека канцеларката и тоа го имала во предвид   кога го изразила својот оптимизам за можно скоро решение на спорот со името”,  вели за Фактор потпретседателот на Парламентот Антонио Милошоски. Тој, како и неговиот колега екс-шефот на дипломатијата од опозицијата одвоено но со исти пораки. “Без директна вклученост на меѓународната заедница, спорот за името нема да се реши. Ако се врати интересот за Македонија кај Американците и кај Европјаните, тогаш ќе ни создадат можности за излез, рече Љубомир Фрчкоски неодамна во интервју за радио Слободна Европа. Јасна Порака на Меркел Политичката криза, кревките меѓуетнички односи и  неодамнешните протести очигледно ги испровоцираа  меѓународните партнери да реагираат преку дирекни  пораки до македонското  лидерство оценувајќи дека  е крајно  време  по суштински да се пријде кон решавање на спорот со името со цел деблокада на европските и евроатланските аспирации, констатира  универзитетскиот професор  Ризван Сулејмани. И екс -заменик министерот за одбрана смета дека губењето на евроатланската  перспектива на државата  може да биде генератор на длабока кризи и поделби во државата, мегуетнички и меѓуграгански.. „Пораката на Маркел  беше јасна,  а тоа е дека Македонија треба да покаже подготвеност за  покрупни  одлуки за иднината на државата доколку сакаме да излеземе од овој ќорсокак во кој се наоѓање. Домашните политички елити  сериозно треба  да ја разберат изјавата  на германската канцеларка и претходно на америнаксиот помошник државен секретар и што поскоро треба   посуштински да  пристап кон разрешување на пробелмот со Грција.   Последните парламентарни избори покажаа дека  Груевски и Ахмети  уживаат огромна подршка меѓу граѓаните. Таа поддршка им дава одврзани раце да носат одлуки  кои за доброто на граѓаните на Македонија.  Но ова е шанса и за СДСМ  да бидат дел од носењето на една ваква  клучна одлука за државата. Сепак,  сметам дека одговорноста е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ нивниот лидер. Очекувам од Претседателот, Премиерот и лидерот на ДУИ да ја превземат одговорноста и да го направат потребниот компромис, а другите партии да ги поддржат решението. Компромисот  за името  не би требало да се користи за придобивање на  евтини политички поени, ниту успехот да се присвојува или партизира“, вели Ризван Сулејмани. Официјално Скопје, преку претседателот Иванов побара да се примени словенечко-хрватскиот модел на паралелно и постепено наоѓање компромис и решителен процес на евроинтегрирање на Македонија. Зад затворени врати се разменети уште поостри пораки По пораките на Нуланд и Меркел станува подинамично, но до септемврискиот НАТО самит тешко дека би можело Скопје и Атина да  направат некаков посериозен пробив во преговорите . До крајот на годинава би можело да се очекува поголем  исчекор  во однос спорот, вели аналитичарот и екс-шеф на дипломатијата Александар Димитров. „Пораките за клептократите, автократите, корупцијата, за слободните избори, за замолчените медиуми, за влошената политичка клима, меѓуетничките односи и  особено острото и јасно навестување на канцеларката Меркел за решавање на проблемот на името, неможе да се спинуваат како општи и неадресирани и за македонските власти. Секој што малку се разбере од дипломатија и во начинот како таа функционира не може да спинуваат или амортизираат острината на оставените пораки од Цафтат. Јас сум убеден дека на состаноците со државниот врв, зад затворени врати, е употребен и  далеку поостар и (не)дипломатски тон, за разлика од јавните изјави кои беа даде пред медиумите“,  оценува Александар Димитров , коментатор-аналитичар на неделникот Фокус. Ако прашањето за името остане во рамките на билатерални преговори тогаш  можеме да очекуваме одолговлекување на овој спор бидејќи истиот  ќе има двојна асиметрија. “Но доколку во спорот посериозно се вклучи и трета страна  како Германија или Европската унија тогаш би можело да очекуваме и некакво забрзување. Среќен или несреќен крајот мора да е возможен. Но ние тука не зборуваме за емоции или за задоволство или незадоволство од одредено решение  туку би можело повеќе да говориме за принципи и за меѓународни правила на игра.  Доколку Македонија и Грција ја почитуваат пресудата на Меѓународниот суд на правда во Хаг,  тогаш не би требало да внесуваме многу емоции и би требало двете страни да ги исполнат обврските. Се друго ќе биде калкулација и одмерување на  силите”. Според Антонио Милошоски секоја изјава на германската канцеларка Ангела Меркел треба да се следи со должно внимание. Смета дека  нејзиното одвоено време на македонско - грчкиот спор треба да се цени. Второ, Германија има долго искуство во преговори, партнерство или неисполнување  на одредени обврски во односите со Грција  и претпоставувам дека канцеларката и тоа го имала во предвид  кога го изразила својот оптимизам за можно скоро решение на спорот со името. Консултираните соговорници на Фактор сепак предупредуваат дека предолгото чекање во предворјето на ЕУ за целиот регион би имало неповолни политичко-безбедносни рефлексии, пред се врз Македонија. Тие преудпредуваат дека најавите на новиот шеф на ЕК Жан Клод Јункер дека во наредните пет години процесот на проширување ќе биде ставен во мирување ќе ги разгради евроаспирациите и во Македонија. Горазд Чомовски